Долна Рибница
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Долна Рибница — село во Петричко, Пиринска Македонија, денес во општината Петрич на Благоевградската област, југозападна Бугарија.
Remove ads
Географија и местоположба
Долна Рибница се наоѓа во планинска област. Селото се наоѓа на јужните падини на планината Огражден, по течението на Рибничка река. Селото се наоѓа на 13 километри северозападно од градот Петрич. Атарот на селото зафаќа 24,45 км2. Селото се наоѓа на надморска висина од 613 метри. Климата е преодносредоземна, со летен минимум и зимски максимум на врнежи од дожд. Просечните годишни врнежи од дожд се околу 600 мм. Селото е погодна почетна точка за искачување кон врвот Маркови Кладенци (1.523 м), од каде започнува обележана патека до врвот.
Remove ads
Историја
Османлиско Царство
Селото се споменува во османлиски дефтер од 1570 година со името Рибница. Во истата година, во селото живееле 3 муслимански семејства и 20 христијански семејства[1]. Според легендата, името на селото потекнува од поранешните рибници на реката Рибница. Денешното село Долна Рибница на местото каде денеска се наоѓа, било основано во 18 век. Во 1865 година во селото било отворено училиште на грчки јазик. Од 1874 година во училиштето се предавало на бугарски јазик.

Во текот на 19 век, селото било чисто македонско. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Рибница (Ribnitza) е село со 80 семејства и 290 Македонци[2][3]. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 750 жители, сите Македонци[2][4].
Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 1088 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија, работело едно егзархиско училиште со 1 учител и 19 ученици[2][5].
Селото е познато по тоа што на 7 февруари 1908 година во месноста Трнка во близина на селото, во борба со турскиот аскер загинал Мануш Георгиев, македонски револуционер. Заедно со него загинале 22 четници и малешевскиот војвода Васил Скендеров.
По избувнувањето на Балканските војни во 1912 година, шест лица од селото биле доброволци во Македонско-одринските доброволни чети[6].
Бугарија
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија. Во 1929 година на местото на битката на един километар северно од селото бил изграден спомен-костурница во спомен на хероите. Денеска, месноста се нарекува Манушов гроб.
Remove ads
Општествени установи
- Црква "Свети Димитрија" - изградена е во 1871 година во центарот на селото. Прогласена е за споменик на културата.
- Основно училиште "Св.Св. Кирил и Методиј" - затворено 2008 година.
- Читалиште "Мануш војвода".
- Паметен знак на војводата Мануш Георгиев
Редовни настани
Секоја година на 2 август - Илинден по стар стил се одржува традициониот собор на селото.
Личности

- Мануш Георгиев (1881 - 1908), македонски револуционер;
- Михаил Вардев (1881 - 1908), македонски револуционер;
- Стојан Трнаџиев (1886 - 1908), македонски револуционер;
- Тома Митов (1882 - 1908), македонски револуционер.
- Костадин Ангелов, член на Македонско-одрински доброволни чети[7]
- Јанко Стаменов (? – 1908), селски војвода, кој загинал заедно со 22 комити кај селото[8]
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads