Марков Ѕид (Прилепец)

поранешна тврдина кај Прилепец, Прилепско From Wikipedia, the free encyclopedia

Марков Ѕид (Прилепец)map
Remove ads

Марков Ѕидтврдина од античко и средновековно време кај селото Прилепец, Прилепско.[1] Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Прилеп.[2]

Повеќе информации Основни податоци ...
Thumb
План на наоѓалиштето
Remove ads

Местоположба

Местноста се извишува над североисточниот крја на село Прилепец, на западната падина на Селечка Планина, 8 км јужни од Маркови Кули. Претставува доминантен рид со висина од 300 м над Пелагонија (960 н.м.в.) и одличен поглед на околината. Западниот дел е понизок и зарамнет во облик на широка тераса опкружена со многу стрмни падини. Источниот дел се издига во карпест куп, одвоена со тесно седло од планината на исток. Две поројни бразди северно и јужно од ридот повремено ја задржуваат водата со која се снабдувале луѓето.[1]

Remove ads

Историја

Антика

За време на раната и доцната антика жителите на богатите населби во Пелагонија се засолнувале на ридот Марков Ѕид. Веројатно тогаш акрополата добила камени ѕидини за да служи како збег, што се потврдува од ретки археолошки наоди од тие времиња.[1]

Средновековие

Околу терасата на западниот крај е зачувано обѕидие кое свртува долж работ, потпирајќи се на големите издадени карпи. Ѕидината е изградена од камен со слаб малтер, широка е само 1–1,3 м и образува силно искршена линија. Сето тоа јасно се распознава како средновековна ѕидарија. Ѕидот околу акрополата е сосема распаднат и од него само на места остануваат урнатини. Во оградениот простор се забележуваат ретки парчиња средновековна огнишна грнчарија и црепни. Нема траги од постојано живеење.[1]

Укрепеното подрачје на Марков Ѕид зафаќа преку 7 ха (акрополата зафаќа 2 ха, а терасата 5,3 ха). Ова е изненадувачка големина, имајќи предвид дека околината на Прилеп била густо населена во доцното средновековие. Положбата на тврдината делумно потсетува на Маркови Кули над Прилеп, која е од истото време, а веројатно оттаму доаѓа и името на оваа тврдина. И овој збег веројатно е изграден по Маричката битка (1371), кога Османлиите со децении ги опустошувале овие краишта пред конечно да завладеат со Македонија.[1]

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads