Марсел Шмелцер
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Марсел Шмелцер (роден на 22 јануари 1988 ) — германски фудбалер, играч од одбраната на Борусија Дортмунд.
Remove ads
Клупска кариера
Шмелцер е роден во Магдебург. Својата професионална кариера ја започнал во Борусија Дортмунд, каде што го направил своето прво појавување на 9 август 2008 година, во натпревар од првото коло на Купот на Германија против Рот-Вајс Есен. Дебито во Бундеслигата го имал недела дена подоцна, играјќи во последните дваесет минути од победата со 3-2 над Баер Леверкузен. Својата најдобра сезона во кариерата Шмелцер ја имал во текот на кампањата 2010-2011, во која успеал да ги одигра сите минути за клубот во првенството, помагајќи им на милионерите да ја освојат титулата во Бундеслигата.
Следната сезона, Шмелцер, го пропуштил почетокот на Бундеслигата поради повреда. На крајот, тој освоил уште еден трофеј откако Дортмунд успеал да го одбрани насловот во Бундеслигата. Покрај тоа Шмелцер исто така и помогнал на Борусија да го освои и Купот на Германија со победа од 5-2 над Баерн Минхен во финалето, што за него значело 3 титули за 2 години во клубот.
Пред почетокот на сезоната 2016-2017, Шмелцер станал капитен на Борусија Дортмунд по заминувањето на Матс Хумелс.
Remove ads
Репрезентативна кариера
Своето деби за сениорската репрезентација на Германија, Шмелцер го направил на 17 ноември 2010 во пријателски натпревар против Шведска што завршил без голови 0-0.
Титули
Борусија Дортмунд
Бундеслига (2) : 2010–2011, 2011–2012
Куп на Германија (1) : 2011–2012
Суперкуп на Германија (2) : 2013, 2014
Надворешни врски
- Марсел Шмелцер на soccerway
- Marcel Schmelzer Архивирано на 11 март 2010 г. at transfermarkt.de (германски)
- ESPN Soccernet profile[мртва врска]
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads