Марсов тројанец

From Wikipedia, the free encyclopedia

Марсов тројанец
Remove ads

Марсови тројанци — група тројански тела кои ја делаторбитата на Марс околу Сонцето. Се среќаваат околу две Лагранжови точки 60° пред и зад Марс. Нивното потекло не е добро осознаено. Според една теорија, тие се остатоци од настанокот на Марс кои тогаш биле зафатени во неговите Лагранжови точки додека се образувал Сончевиот Систем. Меѓутоа, спектралниот истражувања на Марсовите тројанци укажуваат дека потеклото може да биде поинакво.[1][2] Друга теза те дека астероидите безредно влетале во Марсовите Лагранжови точки во подоцнежната фаза на образување на Сончевиот Систем. И второнаведеното е под знак прашање земајќи го предвид кусиот динамички животен век на овие тела.[3][4] Спектрите на Еурека и уште два други Марсови тројанци Mars укажуваат на изобилство на оливин.[5] Бидејќи телата кои изобилуваат со оливин се ретки во астероидниот појас, предложено е дека некои до Марсовите тројанци се отпад зафатен при промената на Марсовата орбита кога оваа планета се судрила со некој планетарен зачеток.[6][3]

Thumb
Групите L5 (зелено) и L4 (светлосино) на Марсови и Јупитерови тројанци прикажани заедно со орбитите на Јупитер и внатрешните планети. Марс е со црвено. Надворешната орбита е Јупитеровата.
Thumb
Анимација на 1999 UJ7 во однос на Сонцето и Марс 1600-2500
       Сонце ·       1999 UJ7 ·       Марс
Thumb
Анимација на 2007 NS2 во однос на Сонцето и Марс 1600-2500
       Сонце ·       2007 NS2 ·       Марс

Денес оваа група офаќа 14 астероиди потврдени со долгорочни бројчени симулации, но само девет од нив се прифатени од Центарот за мали планети (†).[7][3][4][8][9][10][11]

Поради блиските орбитални сличности, за повеќето мали членови на L5 се претпоставува дека се откршоци од Еурека кои се одвоиле откако телото е завртено под дејство на ЈОРП-ефектот (вртежниот период на Еурека е 2,69 ч). Тројанецот во L4 наречен 1999 UJ7 има многу подолг вртежен период од ~50 ч, навидум поради хаотично вртење кое спречува ЈОРП-завртување.[12]

L4 (водечки):

  • (121514) 1999 UJ7

L5 (следечки):

  • 5261 Еурека (1990 MB) †
  • (101429) 1998 VF31
  • (311999) 2007 NS2
  • (385250) 2001 DH47
  • 2009 SE
  • 2011 SC191
  • 2011 SL25
  • 2011 SP189
  • 2011 UB256
  • 2011 UN63
  • 2016 CP31
  • 2018 EC4
  • 2018 FC4
Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads