Маја Трајковиќ

македонска писателка на литература за деца и млади и на литература за возрасни, поетеса, раскажувач, романописец и преведувач From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Маја Трајковиќ (27 април 1975) — македонска писателка на литература за деца и млади и на литература за возрасни, поетеса, раскажувач, романописец и преведувач.

Кратки факти Маја Трајковиќ, Роден/а ...

Биографија

Маја Трајковиќ е родена на 27 април 1975 година во Скопје. Дипломирала на катедрата за француски јазик и книжевност со италијански јазик и книжевност, а магистрирала по менаџмент во образование. Вработена во ООУ „Невена Георгиева - Дуња“ како наставник по француски и стручен соработник - библиотекар.

Добитничка е на наградите „Библиотекар на годината - Павлина Цунева - Маказлиева за 2021 година“ и Признание за најдобар просветен работник во учебната 2021/22 година од Сојузот на просветните работници и Министерството за образование и наука. Работела и како преведувач и есеист.

Добитник е на прва награда „Вакри и Лапанка од Крива Паланка“, посветена на градот Крива Паланка.

Remove ads

Творештво

Нејзини објавени дела се:

  • „Пресек“[1][2] роман за возрасни (2020)
  • Златна душа“ роман за деца и млади (2023)
  • „Мрачен и светол дом“ (2023)
  • „Животопис“ (2023)
  • „Летен распуст“ - сликовница за деца (2024)
  • „Јан и Јана на планина“ -сликовница за деца (2024)
  • „Јан и Јана кај најголемиот водопад на светот“ -сликовница за деца (2024)

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads