Медовина

From Wikipedia, the free encyclopedia

Медовина
Remove ads

Медовинаалкохолен пијалак од мед, сличен на вино[1]. Медовината се добива со ферментација на мед со вода, понекогаш со додавање разни овошја, зачини, зрна и семиња[2][3][4]. Содржината на алкохол може да биде од 3,5% до повеќе од 20%. Основната одлика што ја дефинира медовината е дека најголемиот дел од ферментираниот шеќер на пијалакот се добива од мед[5]. Медовината може да биде газирана или природно пенлива, да биде сува, полуслатка или слатка[6].

Thumb
Шведска медовина со мирис на боз

Медовината била повеќе од пијалак, како и виното, се верувало во нејзината магиска моќ на ревитализација и лековитост, медовина се сметала како еликсир за долг живот. Луѓето верувале дека, пиејќи ја, ќе станат бесмртни. Исто така, во старо време таа се давала на војниците, кои со неа ги посипувале раните верувајќи дека ќе бидат побрзо излекувани.

Се верувало дека медовината ја зголемува машкоста и плодноста, а во тоа, како и во секој мит и легенда, има вистина, бидејќи медовина е богата со витамин Б и аминокиселини кои ја стимулираат изградбата на белковината кој делува на издржливост.

Remove ads

Историја

Медовината е еден од најстарите алкохолни пијалаци што ги открил човекот. Медот како основна суровина бил лесно достапен во природата, се користел за исхрана, и со текот на времето бил додаван на различни пијалаци и на тој начин е создадена медовина. Медовина се добива со алкохолна ферментација на раствор на природен мед, а процесот со кој се добива е ист како и во производство на вино. Според некои испитувања медовината содржи околу 13% алкохол, 5% екстракт и 0,17% минерални соли. Може да се произведува како алкохолен и безалкохолен пијалак, со пријатна арома и вкус. Медовината не е вештачки пијалак, туку таа е природен производ сличен на виното, бидејќи основни состојки се мед, односно грозјето, под влијание на алкохолна ферментација, се претвораат во алкохол и јаглерод диоксид. Како што кај виното вкусот и квалитетот зависат од сортите на грозјето и неговите својства, така и квалитетот на медовината зависи од видот на медот и начинот на неговото производство и староста.

Медовината е пијалак за кој се тврди дека ја подобрува крвната слика, го зајакнува организмот, го подобрува апетитот и го забавува стареењето. Во старите добри времиња тајната на среќниот брак се криела во алкохолниот пијалак, животот бил многу поедноставен, а тајната на среќниот брак била во обичниот алкохолен пијалак заснован на медот.

Само венчани брачни двојки биле нудени да пијат медовина секоја вечер полни месец дена по стапување во брак. Плодот на тој рецепт во брачниот период што сè уште се нарекува меден месец, ќе се покажел девет месеци подоцна.

Remove ads

Начин на подготовка

Во чиста вода се раствора медот и се вари на огнот додека да проврие. Се остава да врие неколку минути. Мора да се меша да не дојде до таложење на медот. По варењето растворот мора да се олади, а потоа да се истура во буре. Садовите не смеат да бидат целосно затворени бидејќи се создава притисок за време на ферментацијата. Процесот на ферментација трае до месец дена. Односот на водата и медот не е строго определен, но треба да се внимава растворот да биде добро засладен.

Remove ads

Галерија

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads