Мекица
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Мекица, тиганица или питулица— македонско традиционално јадење од меко тесто кое се пржи во врело масло. Вообичаено мекиците се користат за појадок придружени со сирење или со џем. Исто така во доста краеви во Македонија мекиците се даваат за новороденче, при што некаде истите ги спрема свекрвата, а некаде мајката на родилката. Во денешно време сè почесто овој обичај се прави во ресторан или друг угостителски објект[1].
Remove ads
Рецепт
Постојат повеќе варијанти за спремање на тестото за мекици, во некои тестото се спрема со млеко, во други со јогурт, а трети се само со вода. 1 кг брашно заедно со 1 квасец, 1/2 прашок за печиво, 2 јајца, 1 лажиче сол се раствораат во 400-500 мл вода така што да се добие густа смеса, потоа садот се покрива со крпа и се остава да кисне 25 минути. Потоа смесата се меша со дрвена лажица и повторно се остава да кисне 25 минути. Истото се прави и третпат со тоа што овој пат се додаваат две лажици бела киселина. Тестото се дели, добиените делови се тегнат со влажни раце, и се пржат во врело масло [2]
Remove ads
Наводи
Поврзано
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads