Појадок

From Wikipedia, the free encyclopedia

Појадок
Remove ads

Појадокот е првиот оброк во денот, кој се конзумира наутро. Што точно вклучува еден појадок зависи од различните култури низ целиот свет. Но, најчесто вклучува житарки или ориз, овошје, а многу поретко зеленчук, белковински и млечни производи и пијалаци.

Thumb
Пржени парчиња леб и јајце.
Thumb
Овие статии се дел од
темата oброци
Општопознати оброци...
ПојадокПојчек (Бранч)Mал ручек
ЧајРучекВечера
Останати оброци...
Втор појадок
Илевенсез
Тифин
Десерт
Ужина
Поврзано...

Кујна | Кујни

Појадокот се состои од поедноставна храна, односно храна која полесно ќе биде дигестирана, но сепак ќе ги содржи потребните енергетски состојки. Храната треба да содржи белковини, јаглехидрати, витамин А и витамин D, како и умерени количества на калциум и железо. Споменатите состојки служат како главни извори на енергија, и придонесуваат за нормален раст и обновување на ткивата.[1][2]

Појадокот освен што го снабуда телото со енергетски и хранливи состојки, истражувања покажуваат дека помага за одржување здрава тежина, ја зголемува концентрацијата и го подобрува помнењето.[3][4] Кај одредени делови од светот, кафето и чајот се неизоставни делови од појадокот, за кои исто така е докажано дека покрај недостатоците, кафето и особено зелениот чај служат како антиоксиданси, кои го намалуваат ризикот за заболувања.[2]

Remove ads

Типични појадоци по светски региони

Африка

Азија

Јапонија

Thumb
Типичен јапонски појадок.

Еден традиционален јапонски појадок се состои од ориз, морска храна и ферментирана храна, кој во голем дел не се разликува од другите јадења јадени за време на други оброци во јапонската кујна. Исклучок е т.н. nattō (вид на ферментирана соја), која највеќе се јаде за појадок. Во еден типичен јапонски ресторан за појадок најчесто се нуди мисо супа, ориз со нори или со друг гарнир, nattō, овесна каша, риба испечена на скара, недоварено јајце и кисели краставички. Влијанието на јапонските патувачи го направиле овој традиционален појадок една стандардна опција на менијата на многуте висококласни хотели насекаде низ светот. Западните појадоци како тост и варени или пржени јајца се исто така доста јадени, како и житарките кои сè повеќе стануваат популарни. Типични пијалаци за појадок се зелениот чај (традиционален) и кафето (модерен).

Австралија и Нов Зеланд

Европа

Латино Америка

Среден Исток

САД и Канада

Remove ads

Појадокот како мотив во уметноста и во популарната култура

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads