Мелдоница

село во Населичко, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Мелдоница
Remove ads

Мелдоница или Мелидони (грчки: Μελιδόνι) — село во Населичко, Егејска Македонија, денес во општината Горуша на Кожанскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 27 жители (2021).

Кратки факти Мелдоница Μελιδόνι, Земја ...
Remove ads

Географија

Селото е сместено на левиот брег на реката Бистрица, околу 6 км североисточно од Лапчишта.[2]

Историја

Во Отоманското Царство

Според грчка статистика од 1904 г. во Мелдоница живееле 60 Грци христијани.[3] Сепак, овој податок не може да се потврди од други извори, знаејќи ја пристрасноста на грчките извори.

Во Грција

По Балканските војни во 1913 г. Мелдоница е припоена кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година населението броело 87 жители кои во 1920 г. станале 90.[2] Во 1920-тите во властите довеле едно грчко семејство од Турција со 9 лица.[4] Така, во 1928 г. во Мелдоница е попишано 121 лице, кои во 1940 г. се накачиле на 151.[2] Оттогаш наваму населението на селото бележи постојано намалување.

Remove ads

Население

Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Културни и природни знаменитости

Цркви

  • Црква „Св. Преображение“
  • Црква „Воведение на пресв. Богородица“ — на излезот од селото, изградена во 1913 г.[5]

Стопанство

Населението произведува тутун, жито и други земјоделски производи. Во помала мера застапено е и сточарството.[2]

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads