Мерата (Баница)
археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Мерата — археолошко наоѓалиште во селото Баница, Општина Струмица. Претставува термален објект од доцноантичкото време. Во 1990 година, при копањето на темели за подигање на приватна куќа, во самото село, во местото наречено Мерата биле откриени остатоци од темели на ѕидови. Веднаш потоа Заводот и музеј во Струмица извршил заштитно ископување.
На длабочина од 0,50 м се пронајдени темели од ѕидови што се протегале во југоисточен и северозападен правец, односно станувало збор за поголем објект од термален карактер, кој според начинот на градењето и внатрешната организација отстапува од вообичаените доцноантички бањи. Термалниот простор го сочинуваат четири простории. Тепидариумот има основа впишан крст во квадрат, со делови од хипокауст од кој се зачувани столпчиња од неправилни квадратни суспензури, како и делови од префурниум.
Комуникацијата меѓу просториите не била утврдена, а исто така и главниот влез кој би требало да се наоѓа на источната страна. Присутни се и секундарни преградувања со ѕидови од камен и кал[1].
Remove ads
Поврзано
- Црква Свети Ѓорги — средновековна црква и некропола;
- Струмин гроб;
- Баница, археолошко наоѓалиште;
- Список на археолошки наоѓалишта во Струмичко;
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads