Општина Струмица

општина во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Општина Струмица
Remove ads

Општина Струмицаопштина која се простира во западниот и централниот дел на Струмичкото Поле, со површина од 321,89 км2. На исток се граничи со Општина Босилово, на запад со Општина Конче, на север со Општина Василево, на југоисток со Општина Ново Село, а на југозапад со Општина Валандово. Ја сочинуваат 25 населени места, со вкупно население од 54.676 жители.[2] Седиште на општината е Струмица.

Thumb
Карта на општина Струмица со селските атари.
Thumb
Демографска карта на општина Струмица со селските атари.
Кратки факти Општина Струмица, Држава ...
Remove ads

Географија

Thumb
Зградата на општината

Струмичкиот регион се наоѓа во југоисточниот дел на Македонија на 41°22' СГШ и 23°45' ИГД и располага со површина од 963 км2. Регионот на југ граничи со Егејска Македонија во денешна Грција, а на исток со Пиринска Македонија, во денешна Бугарија. Разврстен е во јужносредоземниот подреон, под таканаречениот индустриски микро-реон. Во рамките на регионот се подразбира Струмичкото Поле, кое е дел од Струмичко-радовишката котлина. Површината на регионот денес е поделена меѓу четирите општини Босилово, Василево, Ново Село и Струмица, кои вкупно сочинуваат 72 населени места, со вкупно население од 92.625 жители. Според површината и бројот на населението, регионот има средна големина во земјата, но неговиот низински дел е најгусто населено подрачје во Македонија, на квадратен километар живеат над 100 жители. Просечната надморска височина на котлината изнесува 280 метри, а вкупната површина 290 км, што претставува околу 30% од вкупната површина на регионот. Овој дел од котлината е ограден со планините Огражден, Беласица и Еленица. Економски најбогат и најзначаен дел од регионот е Струмичката рамница, потоа доаѓа Подбеласичкиот микро реон или т.н. Подгорие, и на крај микро реонот на населените места распределени во подножјето на планината Огражден.

Remove ads

Самоуправа и политика

Градоначалник на општина Струмица е Коста Јаневски од редовите на СДСМ. Тој бил избран на локалните избори од 2017 година за мандат од четири години.[3] Советот на општина Струмица е составен од 23 члена. Според последните локални избори од 2017 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2017-2021 се:

Thumb
  СДСМ: 14 места
  ВМРО-ДПМНЕ: 9 места
Remove ads

Стопанство

Земјоделство

Струмичкиот регион е најголем земјоделски производител во Македонија, особено на градинарски култури. Во 2017 година од вкупното производство во Македонија, во Општина Струмица биле произведени 58% од краставиците, 32% од доматите, 22% од пиперот и 17% од зелката.

Повеќе информации Култура, Произведено (тони) ...

Демографија

Повеќе информации Народ, Вкупно ...
Вероисповед Вкупно
православни 47.515
муслимани 4.193
католици 1.447
протестанти 101
останати 2.420
Повеќе информации Македонци, Турци ...
општина Струмица Вкупно Македонци Турци Срби Роми Бошњаци Албанци Власи останати
Вкупно 54,676 (100,00 %) 50,258 (91,91 %) 3,754 (6,86 %) 185 (0,33 %) 147 (0,26 %) 6 (0,01 %) 3 (0,00 %) 3 (0,00 %) 320 (0,58 %)
Баница 1,137 1,129 0 2 0 1 0 0 5
Банско 1,992 1,064 900 3 17 0 2 0 6
Белотино 29 29 0 0 0 0 0 0 0
Вељуса 1,552 1,548 0 4 0 0 0 0 0
Водоча 318 316 0 2 0 0 0 0 0
Габрово 399 398 0 0 0 0 0 0 1
Градско Балдовци 755 755 0 0 0 0 0 0 0
Дабиље 1,946 1,941 0 5 0 0 0 0 0
Добрејци 1,764 1,764 0 0 0 0 0 0 0
Дорломбос 117 0 117 0 0 0 0 0 0
Злешево 0 0 0 0 0 0 0 0 0
Костурино 1,280 1,276 1 2 0 0 0 0 1
Куклиш 2,532 2,529 0 2 0 0 0 0 1
Мемешли 44 0 44 0 0 0 0 0 0
Муртино 2,209 2,203 0 2 0 0 0 0 4
Орманли 34 0 34 0 0 0 0 0 0
Попчево 343 342 0 0 0 0 0 0 1
Просениково 1,550 1,543 0 5 0 0 0 0 2
Раборци 105 105 0 0 0 0 0 0 0
Рич 382 381 0 1 0 0 0 0 0
Сачево 540 540 0 0 0 0 0 0 0
Свидовица 325 309 16 0 0 0 0 0 0
Струмица 35,311 32,074 2,642 157 130 5 1 3 299
Три Води 12 12 0 0 0 0 0 0 0
Чепели 0 0 0 0 0 0 0 0 0
Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads