Месни преработки

From Wikipedia, the free encyclopedia

Месни преработки
Remove ads

Месни преработки – секое месо кое било изменето за да му се подобри вкусот или да му се продолжи трајноста односно употребливоста. При преработување на месото се користи солење, конзерванси, ферментација и димење. Месните преработки вообичаено се прават од свинско или говедско месо, но исто така и живинско месо, но исто така може да содржи дроб или крв. Производи кои се добиваат со месна преработка се сланина, шунка, колбаси, салами, солено говедско, џерки, месо во маст и сосови засновани на месо. Процесот на месна обработка ги вклучува сите процеси кои го менуваат свежото месо со исклучок на едноставните механички процеси како сечење или мелење.[1]

Thumb
Разни видови месни преработки изложени за продажба

Месната преработка почнала веднаш штом човекот сфатил дека готвењето и солењето ја продолжуваат трајноста на свежото месо. Не е познато кога ова почнало, сепак процесот на солење и сушење бил забележан уште во Стар Египет, додека употребата на снег и мраз им се припишува на Римјаните, а конзерваконзервирање било развиено од Никола Апер кој во 1810 година ја добил иноваторската награда за од француската влада.[1]

Remove ads

Месните преработки и ракот

Меѓународната агенција за истражување на ракот при Светската здравствена организација ги класифицира месните преработки на во Група 1 (канцерогени за луѓето), бидејќи имало доволно докази дека консумирањето на месни преработки предизвикува колоректален рак.[2][3][4]

Во извештајот од 2016 година Американскиот институт за истражување на ракот и Светскиот фонд за истражување на ракот изложиле дека консумирањето на месни преработки го зголемува ризикот од рак на желудник.[5]

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads