Месојадно растение
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Месојадните растенија се растенија кои добиваат дел од хранливите материи (но не и енергијата) по пат на заробување и јадење на животни и протозои, и тоа најчесто инсекти и други членконоги. Месојадните растенија се адаптирале да растат на места каде почвата е плитка или сиромашна со хранливи материи, особено азот. Чарлс Дарвин во 1875 ја пишува книгата Инсектојадни растенија, која претставува првиот запис за месојадни растенија.[1]

Вистинската месојадност веројатно еволуирала независно шест пати во пет различни редови на цветни растенија[2][3], а тие денес се претставени со повеќе од десетици родови. Родовите се состојат од околу 630 видови кои го привлекуваат и го заробуваат пленот, произведувајќи дигестивни ензими, и ги апсорбираат добиените хранливи материи.[4] Покрај овие, преку 300 други протокарниворни растителни видови во неколку родови ги покажуваат некои, но не сите од наведените одлики.
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads