Методија Ваневски

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Методија Ваневски (Битола, 13 јуни 1943 Скопје, 28 јуни 2006 ) — македонски воен генерал, доктор на воени науки.[1]

Кратки факти Роден, Починал ...

Животопис

Ваневски е роден на 13 јуни 1943 година во Битола, во занаетчиско семејство од мајка Нада и татко Никола. По завршувањето на основното образование својот образовен процес го продолжил во Битолската гимназија која ја завршил во 1962 година, по што продолжил на Воената академија на Копнената војска на ЈНА и успешно ја завршил во 1965 година. Командно-штабна академија на Военото воздухопловство и противвоздушна одбрана завршил во 1985 година, а Школа за национална безбедност и одбрана завршил на Националниот универзитет за одбрана во Вашингтон (САД) во 1997 година (бил првиот офицер во историјата на Р Македонија кој дипломирал на најпрестижниот генералски колеџ во САД со највисоки почести, ниво на докторат).[1]

Remove ads

Унапредувања

  • Потпоручник (1965)
  • Поручниик (1968)
  • Капетан (1971)
  • Капетан I класа (1974)
  • Мајор (1979)
  • Потполковник (1985)
  • Полковник (1993)
  • Бригаден генерал (2000)

Должности

Во својата кариера службувал во неколку различни гарнизони како припадник на ЈНА, а подоцна и на АРМ, и тоа во: Рајловац (1965 - 1974), Битола (1974 - 1979), Ниш (1986 - 1989) и на двапати Скопје (1979 - 1986 и 1989 - 2002). Во професионалниот ангажман како армиски офицер извршувал повеќе должности:[1]

  • Командир на одделение во радарски вод (1965 - 1968);
  • Офицер за наведување (1968 - 1976);
  • Командир на чета (1976 - 1978);
  • Заменик на командант на баталјон (1978 - 1982);
  • Командант на баталјон (1982 - 1986);
  • Помошник на началникот на отсекот за воздушно набљудување и јавување (1982 - 1986);
  • Началник на одделение во Управата за противвоздушна одбрана во Генералштабот на АРМ (1986 - 1992);
  • Началник на Управата за воено воздухопловство и противвоздушна одбрана во Генералштабот на АРМ (1992 - 1997);
  • Воено аташе (прв Воено аташе на Р Македонија во САД и Канада) (1997 - 2002).

Награди

  • Орден за воени заслуги со сребрени мечеви 1969 година;
  • Орден на Народната армија со сребрена ѕвезда 1979 година;
  • Орден за воени заслуги со златни мечеви 1984 година;
  • Орден на трудот со златен венец 1990 година

Семејство

Со сопругата Параскева имале две деца, ќерка Константина (1970) и син Вангел (1978).[1]

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads