Методиј I Цариградски

From Wikipedia, the free encyclopedia

Методиј I Цариградски
Remove ads

Методиј I Цариградски ( 788 во Сицилија - 14 јуни 847 во Цариград) бил Вселенски патријарх во периодот од 843 до 847 година.

Кратки факти Црква, Ракоположен ...

Кога завршил со светското школување се замонашил и почнал да се подвизува во манастир. Патријархот Никифор го зел на служба кај себе. Во времето на иконоборечките цареви насекаде се прочул како одличен бранител на иконопочитувањето. Царот Теофил го затворил за тоа на еден остров. Во затвор со двајца обични разбојници поминал седум години.

Во времето на царицата Теодора и нејзиниот син Михаил, Методиј бил ослободен и избран за патријарх. Во првата недела од Чесниот Пост, Методиј свечено ги внел иконите во црква и напишал канон во чест на иконите. Кривоверците според преданието, најмиле една жена којашто изјавила дека патријархот со неа има нечисти телесни односи. Не знаејќи како поинаку да ја докаже својата невиност, патријархот прејде преку срамот и се соблекол гол пред судот којшто сам го побарал и го покажал своето суво и истоштено тело. Судот очигледно се уверил дека патријархот е наклеветен[1].

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads