788

година From Wikipedia, the free encyclopedia

788
Remove ads

788 (DCCLXXXVIII) — престапна година според општоприфатениот календар. Тоа била 788 година од новата ера, 788. од првиот милениум, 88. од VIII век и деветта од 780-тите. Оваа година била определена како 788 уште од почетокот на средновековниот период, кога календарската ера Anno Domini стана најраспространетиот метод во Европа за определување на годините.

< 7 век 8 век 9 век >
01020304050607080910
11121314151617181920
21222324252627282930
31323334353637383940
41424344454647484950
51525354555657585960
61626364656667686970
71727374757677787980
81828384858687888990
91929394959697989900
Кратки факти
Thumb
Онакатоми но Кијомаро (702-788)
Remove ads

Други календари

Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.

Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 6296 и 6297 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 5538 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 4548 и 4549 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 1541.

Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 788 година се протега во 3424 и 3425, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 3484 и 3485 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 1331. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 171 и 172 исламска година.

Remove ads

Настани

Според место

Византиско Царство

  • Септември Битката кај Копидандон: абасидската војска ја преминува Каликијската порта во Анадолија (денешна Турција).[1] Таа е соочена со две византиски војски кај Падјандос во Кападокија, кои биле поразени.
  • Византиски војници предводени од Аделхис, син на поранешниот ломбардски крал Дезидериј, ја напаѓаат јужна Италија. Нивните обиди биле оневозможени од страна на Франките, кои нападнале територии во Беневенто, анексирајќи го Кието (Сполето).

Европа

  • Кралот Карло Велики ја освојува Баварија и таа станува дел од Франкското царство. Војводата Тасило III бил симнат од престолот и затворен во манастир.
  • Гримоалд III, ломбардскиот војвода на Беневенто, е назначен како полуклиент од страна на кралот Чарлс Помладиот (син на Карло Велики) во Беневенто (Италија).
  • Аварите, кои формирале сојуз со Тасило III, го нападнале Источнофранкското царство (денешна Германија). Со ова започнува франачко-аварскиот конфликт.
  • Кралот Маурегато Астуриски умира по 5-годишно владеење и е наследен од страна на Бермудо I како владетел на Астурија (денешна Шпанија).

Британија

  • Кралот Елфвалд I Нортумбриски е убиен, најверојатно во Честерс, од страна на patricius-от Сига. Тој е наследен од страна на неговиот братучед Осред II.

Арапска империја

  • Абдурахман I, емир на Кордоба, умира по 32-годишно владеење и е наследен од неговиот син, Хишам I.

Според тема

Религија

Remove ads

Родени

Починати

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads