Мехмед-агина џамија (Радање)
џамија во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Мехмед-агина џамија — главна и единствена џамија во селото Радање, во Општина Карбинци, Македонија.[1]
За други значења на поимот, погл. Мехмед-агина џамија.
Remove ads
Местоположба
Џамијата се наоѓа во средишниот дел на селото Радање.
Историја
Единствен извор за историјата на изградбата на објектот се наоѓа на натписот на влезната врата. Според натписот кој е украсен со декоративно писмо, џамијата е изградена 1668-1669 година од страна на царскиот намесник Мехмед-ага.
Објектот е во фаза на конзервација и реконструкција и наскоро истиот ќе биде спремен за презентација пред пошироката културна јавност, а воедно ќе започнат и религиозните обреди.
Remove ads
Архитектура
Џамијата со своите стилски особености и архитектонски одлики претставува значаен споменик на османлискиот период. Употребата на добро обработениот камен, употребуван при градбата на некои џамии и цркви во кумановскиот и штипскиот регион, дава информации дека џамијата била градена од домашни мајстори. Прецизната изработка на декоративните боени елементи видливи во внатрешноста на џамијата, зборуваат за значењето на овој верски објект.
Галерија
- Поглед на џамијата
- Шадрванот
- Главниот влез
- Натписот над влезот
- Помошниот објект
- Гроб во дворот
- Помошниот објект
- Страничен поглед
- Поглед на џамијата
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads