Список на султани на Османлиското Царство

список на статии на Викимедија From Wikipedia, the free encyclopedia

Список на султани на Османлиското Царство
Remove ads

Султаните на Османлиското Царство (турски: Osmanlı padişahları), кои биле членови на Отоманската династија (Куќа на Осман), владееле со трансконтиненталното царство од неговото формирање во 1299 година до неговото распаѓање во 1922 година. Во неговиот највисок врв, Отоманското Царство се протегало од Унгарија на север до Јемен на југ и од Алжир на запад до Ирак на исток. Администриран најпрвин од градот Согут пред 1280 година, а потоа и од градот Бурса од 1323 или 1324 година, главниот град на царството било преместено во Одрин во 1363 година по неговото освојување од страна на Мурат I, а потоа и во Цариград (денешен Истанбул) во 1453 година по неговото освојување од страна на Мехмед II[1].

Кратки факти Султан на на Отоманското Царство, Поранешна монархија ...

Раните години на Отоманското Царство се предмет на различни наративи, поради недостаток на извори, поради кое за овој период постојат и неколку легенди. Царството било основано кон крајот на 13 век, а нејзин прв владетел бил Осман I, според кој е и наречено царството. Според подоцнежната, честопати несигурна отоманска традиција, Осман бил потомок на племето Каји од Огузите[2]. Истоимената отоманска династија што ја основал опстојувала шест века низ владеењето на 36 султани. Царството исчезнало како резултат на поразот на Централните сили во кое и самото царство членувало по крајот на Првата светска војна. Поделбата на царството од победничките сојузници и последователната Турска војна за независност довеле до укинување на султанот во 1922 година и раѓањето на модерната Република Турција во 1922 година[3].

Remove ads

Име

Султанот се нарекувал и Падишах (отомански турски: padişah; француски: 'Padichah'). Во отоманска употреба, зборот „Падишах“ обично се користел, заедно со титулата „султан“, користен кога бил директно именуван[4].

Имиња на султанот на јазиците што ги користат етничките малцинства[4]:

  • арапски: Во некои документи „Падишах“ бил заменет со „малик“ [4]
  • ерменски: „султан“ и „Падишах“
  • бугарски, македонски, српски: „цар“ во раните документи. По 1876 година бил користен „султан“ или „падишах“.
  • грчки: Грците го користеле името „василевс“ во времето на Византија. По 1876 година бил користен „султан“ или „падишах“.
  • ладино: Особено во постарите документи се користел терминот „Ел Реј“ („крал“), а во некои документи „султан“.
  • персиски: „Падишах“ .
Remove ads

Список на султани

Повеќе информации №, Султан ...
Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads