Мехмед Талат-паша

From Wikipedia, the free encyclopedia

Мехмед Талат-паша
Remove ads

Мехмед Талат-паша (1 септември 1874 во Крџали - 15 март 1921 во Берлин) — османлиски државник и Голем везир на империјата во 1917 година.

Кратки факти Мехмед Талат Паша, Голем везир на Османлиското Царство ...

Бил роден во Крџали каде се школувал и работел во телеграфска компанија, но во 1893 година бил уапсен поради илегална активност. Учествувал во движењето против деспотската власт на Абдул Хамид II, а подоцна се вклучил во младотурската организација. Во периодот од 1898 до 1908 работел како поштар во Солун каде основал локална организација.

По крајот на Младотурската револуција станал министер за внатрешни работи. По атентатот на претседателот на владата, Махмуд Шевкет Паша во јули 1913 година, заедно со Енвер и Џемал Паша станал водечка фигура во земјата позната како Тројца паши кои де факто управувале со земјата во времето на Првата светска војна[2]. Поголемиот дел од историчарите го обвинуваат како главен проектант за Ерменскиот геноцид[3][4][5][6]. Во 1917 година станал Голем везир[2], но немал сили да ја спаси земјата од пропаст во војната.

По војната си поднел оставка и побегнал во Берлин каде бил убиен во 1921 година од еден ерменски граѓанин.

Remove ads

Цитат

Владата реши да ги уништи сите лица наречени Ерменци кои живеат во Турција. Треба да се стави крај на нивното постоење и не треба да се прави никакво ограничување по пол, возраст или совест.


Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads