1917
година From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
1917 (MCMXVII) — година според општоприфатениот календар. Тоа била 1917 година од новата ера, 917. од вториот милениум, 17. од XX век и осма од 1910-тите.
Remove ads
Други календари
Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 7425 и 7426 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6667 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5677 и 5678 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2670.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1917 година се протега во 4553 и 4554, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 4613 и 4614 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 2460. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 1335 и 1336 исламска година.
Remove ads
Настани
- 8 март - Започнува Руската револуција
- 6 април - САД и објавува војна на Германија
- 16 април - Владимир Илич Ленин пристигнува во Петроград од егзил
- 20 јули - Потпишана е Крфската декларација помеѓу Кралството Србија и Југословенскиот комитет
- 2 ноември - Британија со Балфурската декларација се заложува за еврејска татковина во Палестина
- 7 ноември - Започнува Октомвриската револуција во Русија.
- 6 декември - Објавена е независноста на Финска.
Remove ads
Родени
- 11 февруари - Сидни Шелдон, американски писател
- 27 март - Сајрус Венс, американски политичар
- 25 април - Ела Фицџералд, американска пејачка
- 3 мај - Киро Глигоров, поранешен македонски претседател.
- 29 мај - Џон Кенеди, американски претседател
- 7 јуни - Дин Мартин, американски глумец
- 10 јуни - Ерик Хобсбаум, британски историчар
- 15 август - Оскар Ромеро, салвадорски надбискуп
- 11 септември - Фердинанд Маркос, филипински претседател
- 19 ноември - Индира Ганди, индиска претседателка
- 16 декември - Артур Кларк, британски писател
- 21 декември - Хајнрих Бел, германски писател
Починале
- 8 март - Фердинанд фон Цепелин, германски пронаоѓач
- 15 октомври - Мата Хари, холандска танчерка и шпион
- 15 ноември - Емил Диркем, француски социолог
Поврзано
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads