Миеза

древномакедонски град кај Негуш, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Миезаmap
Remove ads

Миеза или Меза — мал древномакедонски град во областа Ботиаја близу денешното село Голишани, 3 км североисточно од Негуш, Егејска Македонија.[1] Откриен е во ископувања извршени во 1950-тите. Според Плутарх, во Нимфејот (храмот на нимфите) на Миеза било училиштето на Аристотел во кое Александар Македонски учел три години:

Потоа, како место каде учителот и ученикот ќе работат и учат, тој им го определил Храмот на нимфите кај Миеза, во кој до денес на посетителите им се покажуваат камените седишта и сенчестите патеки на Аристотел...[2]
Кратки факти Место, Област ...

Градот е наречен по Миеза, ќерка на Бер (син на Македон) и сестра на Олган и Бероја од македонската митологија. Ова е родното место на Александровииот војсководец Певкест и брат му Аминта Миески.

Во центарот на древниот град може да се види Миеската агора (плоштад), еднаш северно од Миескиот театар. На плоштадот се откриени и други јавни градби.

Во некрополата се откриени низа гробници на важни личности со голема уметничка вредност. Тоа се Антемиската, Кинховата, Судната гробница и Гробницата на Лисон и Каликле. Откриени се и многу други гробници во околните ниви. Гробови од типот циста има на пошироко подрачје меѓу селата Копаново и Голишани, во месностите Капсура, Рудина, Железничка Пруга, Камара и Тумба. Во месноста Чифлик има остатоци од хеленистичко, римско и доцноантичко време. Во месноста Балтането се пронајдени римски вили, а во Вадос е откриен антички каменолом.[3]

Градот е прогласен за споменик на културата во 1962[4] и повторно во 2012 г.[3]

Remove ads

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads