Судна гробница

древномакедонска гробница кај Голишани, Негушко, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Судна гробницаmap
Remove ads

Судна гробница (грчки: Μακεδονικός τάφος της Κρίσεως) — древномакедонска гробница од последната четвртина на IV век п.н.е. кај селото Голишани, Негушко, Егејска Македонија.[1][2] Важи за најголемата и највпечатливата македонска гробница досега пронајдена. Откриена е случајно во 1954 г. и откопана од Фотиос Пецас во периодот од 1954 до 1964 г. Реставрирана е во 1998 г.[1][2] В 1962 година[3] и повторно заедно со целата некропола во 2012 г. гробницата е прогласена за споменик на културата.[4]

Кратки факти Место, Област ...
Remove ads

Местоположба

Thumb
Хермес Душоводец
Thumb
Радамант

Гробницата е дел од македонскииот град Миеза, чии остатоци се наоѓаат крај негушкото село Голишани. Сместена е е на 2 км источно од Голишани, на стариот пат кој ја поврзувал Миеза со Едеса. На 150 м на запад е Антемиската, а на 300 м на исток — Кинховата гробница.[2]

Име

Името на гробницата доаѓа од сликата на фасадата, на која е претставен поковникот воден од Хермес Душоводец (Психопопм) пред Еак и Радамант — судиите во Подземниот свет.[2][2]

Архитектура

Гробницата е ограбена и оштетена уште во антиката. Има две одаи и свиен покрив. Покриена е со глинена могила, висока 1,50 м и со пречник од 10 м.[2] Ова е единствената македонска гробница со двокатна фасада, која наизменично редува дорски стил долу и јонски горе.[1][2] Така фасадата имитира двокатна зграда со фронтон.[2] Четири дорски полустолбови и два пиластра во аглите држат архитрав и дорски фриз. Над корнизот и едно разнобојно подрачје со цветни украси е разработен јонски фриз, на чиј релјеф е претставена борба со варвари — веројатно Македонците со Персијците. Над фризот меѓу шесте јонски полустолбови и двата пиластра има седум псевдопрозорци кои истовремено се потпора. Од фронтонот останати се само фрагменти. Внатре гробницата е поделена на тесно, но високо претсобје и главна погребна одаја.[1]

Живопис

Сликите на фасадата ја прават гробницата уникатна. Тие се поврзани со верувањата опишани во Платоновиот дијалог „Горгија“. Живописот се состои од четири самостојни слики нацртани во полињата меѓу дорските столбови. На двете паноа лево од влезот на гробницата се покојникот и Хермес Душоводец, кој го води во Подземното царство, а на двете десно се судиите Еак и Радамант. Покојникот, облечен во кратка туника, е единствениот кој не е означен со натпис, очигледно бидејќи бил доста познат граѓанин на Миеза. Се претпоставува дека се работи за Певкест, истакнат војсководец на Александар Македонски родум од Миеза. Метопите се украсени со исклучителни слики од легендарната битката меѓу лапитите и кентаурите.[1]

Remove ads

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads