Милан Штрбанов

From Wikipedia, the free encyclopedia

Милан Штрбанов
Remove ads

Милан Петрев Штрбанов ( 1902 во Кучевиште12 ноември 1944 во Скопје) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Кратки факти Роден, Починал ...

Животопис

Потекнувал од сиромашно семејство. Иако не успеал да заврши основно училиште, подоцна се научил да чита и пишува, а изучил и занает. Работел како столарски работник, во Скопје. Уштe во почетокот на оруженото востание против окупаторот, се вклучил активно и го помагал. Од 1941 година неговата куќа била отворена за илегалците, каде голем број партиски работници наоѓале засолниште. Честопати вршел и многу доверливи курирски задачи. Во текот на 1944 година, бил постојанен курир на Шеснаесеттата македонска ударна бригада. Бил задолжен за одржување на врска меѓу градот и бригадата. На 12 ноември 1944 година, пред самиот напад за ослободување на Скопје, вршејќи една задача, се судрил со германски единици и во близината на бившата воена болница и загинал.[1]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads