Милутинце
село во Општина Ранковце From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Милутинце — село во Општина Ранковце, сместено во областа Славиште, во североисточниот дел на Македонија.
Remove ads
Население
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Македонци.[2]
Според одржаниот попис во 2002 година имало само 72 жители.[3] Сите жители се Македонци и се изјасниле како православни христијани.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 15 жители, од кои 11 Македонци, 1 Србин и 3 лица без податоци.[4]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[5]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[6]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]
Родови
Милутинце е македонско село.
Според истражувањата од 1973 година, родови во селото се
- Чивлачани (12 к.), Црнкинци (22 к.) и Дрипановци (17 к.) сите живеат во свои посебни маала, кои ги носат имињата по родовите. Сите три рода во селото се доселенички со непознато потекло. А помеѓу овие родови има и домазети од селата Герман и Криви Камен.[9]
Според истражувањата пак на Бранислав Русиќ во 1953 година, родови во селото се:
- Најстари Доселеници: Курбалијци (5 к.) наведениот род потекнува од основачот на селото Милутин. Од некаде од Србија се доселиле тројца браќа, Гина, Љуба и Милутин. Тие основале три села (Гиновци, Љубинци и Милутинце).
- Доселеници: Реканци (2 к.), Парлевци (1 к.), Чоклинци (6 к.), Пупуњци (3 к.), Чукарци (2 к.), Тораци (4 к.), Кукавци (1 к.), Ѓусинци (3 к.), Цепењаци (2 к.) и Калејци (2 к.) доселени се, но не знаат од каде; Ќеловци (4 к.) доселени се во 1820 година од околината на Кратово; Џалинци (1 к.) доселени се во 1830 година од селото Радибуш; Црнкарци или Сулинци (7 к.) доселени се околу 1835 година од селото Црн Врв, недалеку од Кратово; Маџурци (6 к.) доселени се околу 1840 година од околината на Врање во Србија.[10]
Remove ads
Самоуправа и политика
Селото се наоѓа во Општина Ранковце, која била една од ретките општини во Македонија, која не била воопшто менувана во поглед на нејзините граници со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.
Во периодот од 1962 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Крива Паланка, додека во периодот по војната од 1957 до 1962 година селото се наоѓало во рамките на некогашната општина Ранковце, каде што се наоѓало и во периодот 1955-1957.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Петралица, во која покрај Милутинце се наоѓале и селата Баратлија, Гиновци, Криви Камен и Петралица. Самата Општина Петралица била дел од Кривопаланечката околија. Општината Петралица постоела и во периодот 1950-1952 година.
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads