Милци (Богородица)

археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Милцинекропола од железното време кај селото Богородица во општина Гевгелија. Се наоѓа на 500 м од мостот на Вардар, од левата страна на автопатот што води кон граничниот премин Богородица. Со заштитните археолошки ископувања, изведени во 1979 година се откриени 45 гроба со конструкции од камени плочи - тип циста, а со систематските ископувања во 1983 година уште 14 гроба. Во нив се најдени керамички садови, украсни предмети од бронза и оружје што му припаѓаат на времето од почетокот на VII до крајот на VI век пред н.е. Во текот на 1995 година се откриени уште 5 гроба од истиот тип со што се проширени границите на некрополата на исток, кон матичната населба на ридот Кофилак или Богородички Рид. Наодите се чуваат во Музејот на Македонија во Скопје и во Музејот во Гевгелија.[1]

Повеќе информации Основни податоци ...
Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads