Министерство за образование и наука на Македонија

From Wikipedia, the free encyclopedia

Министерство за образование и наука на Македонија
Remove ads

Министерството за образование и наука скратено МОН — министерство во состав на Владата на Република Македонија, според член 23 од Законот за организација и работа на ограните на државната управа (Сл.весник на Р Македонија бр 59/2000 од 21.07.2000 година).

Кратки факти Министерство за образование и наука, Податоци за органот ...

Министерството за образование и наука ги врши работите што се однесуваат на:

воспитанието и образованието од сите видови и степени;
организацијата, финансирањето, развојот и унапредувањето на воспитанието, образованието и науката;
воспитанието и образованието на децата на нашите ра ботници на привремена работа и престој во странство;
верификацијата на струките и профилите во образованието;
ученичкиот и студентскиот стандард;
технолошкиот развој, информатиката и техничката култура;
информацискиот систем;
меѓународната научно-техничка соработка;
надзорот од неговата надлежност и
врши други работи утрврдени со закон.

Во состав на Министерството за образование и наука се:

Педагошка служба;
Бирото за развој на образованието;
Управата за равој и унапредување на образованието на јазиците на националностите и
Државниот просветен инспекторат.

Бирото за развој на образованието има својство на правно лице.

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads