Миноловец

From Wikipedia, the free encyclopedia

Миноловец
Remove ads

Миноловец — мал воен брод опремен за откривање и уништување поморски мини.[1] Овој брод користи различни техники за да ја неутрализира заканата од поморски мини; миноловците ги расчистуваат и ги обезбедуваат водните патишта.[2]

Thumb
Миноловецот J 636 во британските крајбрежни води за време на Втората светска војна.

Историја

Првите поморски мини потекнуваат од времето на династијата Минг.[3] Но, првите миноловци се појавуваат многу подоцна за време на Кримската војна, кога биле користени од Британците. Во Кримската војна, миноловците биле чамци кои по себе влечеле сидро заврзано за јаже да ги закачат мините. Иако мини се користеле и во Американската граѓанска војна, нема податоци за нивно чистење со миноловци.[4] Технологијата за чистење мини се подобрила во Руско-јапонската војна, во која се користеле стари торпилери (торпедни чамци) како миноловци.

Thumb
Миноловец ги отсекува закотвените мини

Во Британија, поморските лидери пред избувнувањето на Првата светска војна увиделе дека морските мини се закана за бродскиот транспорт. Затоа почнале да користат воени бродови со мрежи за да го исчистат Ламанш.[5] Првиот наменски миноловец бил изработен за време на Првата светска војна. Но, до крајот на војната, технологијата за поставување на поморски мини многу напреднала, и миноловците не биле во можност да ги откриваат и отстрануваат мините.[4]

Миноловството значително напреднало за време на Втората светска војна. Завојуваните нации мошне брзо ги приспособиле бродовите за чистење мини.[6] Во текот на војната, миноловците во голема мера биле користени и од сојузничките земји и од земјите на Оската. Историчарот Гордон Вилијамсон напишал дека „германските миноловци се неопеаните херои на Кригсмарине“.[7] Поморските мини биле закана и по завршувањето на војната, а миноловците биле активни и по Денот на победата над Јапонија.[8] По Втората светска војна, сојузничките земји работеле на нови класи на миноловци кои се разликуваат по големина од 120 тонски бродови за расчистување на естуарите до океански бродови од 735 тони.[9] Воената морнарица на САД користела специјализирани механизирани десантни пловила за да ги исчистат плитките пристаништа во и околу Северна Кореја.[10]

Remove ads

Начин на работа и посебни барања

Thumb
Магнетен поморски миноловец како споменик во Котка, Финска
Thumb
Зигбург, модерен миноловец на Германската морнарица

Миноловците се опремени со механички или електрични уреди за онеспособување на мините. Современите миноловци се конструирани на начин со кој се намалува веројатноста самите тие да ги детонираат мините; звучно е изолиран и честопати се гради од дрво, фиберглас или обоен метал, или е демагинизиран за да се намали магнетизмот.[11]

Механичките чистачи се уреди со кои се сечат каблите на кои се закачени укотвените мини. Тие се влечат зад миноловецот. Инфлуентни чистачи се уреди, кои најчесто се влечат по бродот, кои се однесуваат како брод, а со тоа предизвикуваат детонација на мината. Најчести такви чистачи се магнетните и акустичните генератори.

Remove ads

Познати миноловци

Thumb
Миноловци од проектот 1265. СССР
  • Миноловецот Абрахам Кријнсен - познат по неговото бегство од Сурабаја во 1942 година, кога се маскирал како тропски остров.
  • Бронингтон - со кој порано командувал Чарлс, принцот од Велс
  • Калипсо – истражувачки брод на Жак-Ив Кусто;
  • USS Хазард - музејски брод во Омаха, Небраска
  • Вилтон – првиот комбиниран миноловец и првиот воен брод направен од стаклопластика. Сега е закотвен на брегот во Есекс, Англија
  • USS Guardian - Кој во 2013 година удрил во гребен на Филипините.

Поврзано

  • Деминирање

Дополнително читање

  • Брун, Дејвид Д.. (2006). Дрвени бродови и железни луѓе: океанските миноловци на американската морнарица, 1953-1994 година. Херитиџ букс.ISBN 978-0-7884-3260-6ISBN 978-0-7884-3260-6.
  • Брун, Дејвид Д.. (2009). Дрвени бродови и железни луѓе: крајбрежни и моторни миноловци на американската морнарица, 1941-1953 година. Херитиџ Букс. ISBN 0-7884-4909-5ISBN 0-7884-4909-5.
  • Лунд и Лудлам. (1978) Чистење! Приказната за миноловците во Втората светска војна. Нова англиска библиотека ISBN 0450044688.
Remove ads

Надворешни врски

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads