Мирза Делибашиќ
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Мирза Делибашиќ (Тузла, 9 јануари 1954 - Сараево, 9 декември 2001 ) – босанскохерцеговски кошаркар. Вброен е меѓу 50 лица кои најмногу придонеле за Евролигата.[1]
Remove ads
Играчка кариера
Клупска кариера
Блескавата спортска кариер ја започнал во 1968 година кога станал пионерски првак на Босна и Херцеговина во тенис. Член на кошаркарскиот клуб Слобода од Тузла станал во 1968 година и во него останал до 1972 година, кога преминал во КК Босна од Сараево кога го одиграл и првиот натпревар против КК Југопластика од Сплит.
Бил првак на СФР Југославија и Европа и го освоил Купот на Југославија во кошарка. За КК Босна одиграл 700 натпревари и постигнал околу 14 000 кошеви. Со екипата на Босна бил и вицешампион на светот, на клупското светско првенство во 1979 година кое се одиграло во Бразил. После играњето во Босна, играл за Реал Мадрид каде во 1983 година заради излив на крв во мозокот морал трајно да се повлече од активното играње.[1]
Репрезентативна кариера
Во дресот на репрезентацијата на Југославија (одиграл 176 натпревари и постигнал 1.759 бода) ref>KK Bosna: Mirza Delibašić Архивирано на 17 октомври 2013 г.</ref> бил првак на Балканот, Европа, светот и олимписки победник.
Remove ads
Тренерска кариера
Мирза Делибашиќ бил првиот селектор на кошаркарската репрезентација на БиХ.[2] на Европското првенство во Германија во 1993 година под негово водство кошаркарската репрезентација на БиХ го освоиле осмото место.[2][3] Во 1995 година поднел оставка на селекторското место.[2]
Спортско административна кариера
Бил директор на КК Босна на кое место останал до смртта во 2001 година.
Признанија
Добитник е на многу спортски и општествени признанија.
Спомен
- Спортската сала во Скендерија денес го носи името „Сала Мирза Делибашиќ“
- Во негов спомен од 2005 година се игра меѓународен кошаркарски турнир „Меморијал Мирза Делибашиќ“.[5]
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads