Сплит
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Сплит (хрватски: Split) — град во Далмација, јужна Хрватска, на Јадранско Море. Градот е административен центар на Сплитско-далматинската жупанија.
Remove ads
Име
Градот за првпат е споменат со името Ασπάλαθος/Σπάλατος на грчки, а следните имиња со кои се споменува се Spalatum на латински, Spalato на италијански и други.
Историја

Иако почетоците на Сплит се поврзуваат со изградбата на Диоклецијановата палата во 305 година, градот бил основан неколку векови претходно како грчка колонија под името Аспалатос или Спалатос. Бил колонија на полисот Иса, денешниот град Вис, кој и самиот бил колонија на сицилискиот град Сиракуза. [1] Точната година на основањето на градот не е позната, но се проценува дека тоа се случило во 3-ти или 2-ри век п.н.е.[2] Грчката населба живеела од трговијата со соседните илирски племиња, од кои најмногу со Далматите.[1]
Remove ads
Население
Градот е најголем град во Далмација и втор по големина во Хрватска и има 188.694 жители според пописот од 2001 година. Апсолутното мнозинство се Хрвати со 95,15%, додека пак останатите се претежно Бошњаци, Црногорци, Словенци и Срби.
Историски податоци
Збратимени градови
Анкона, Италија
Антофагаста, Чиле
Бејт-Шемеш, Израел
Кокбурн, Австралија
Дувар, Англија
Гладсаксе, Копенхаген, Данска
Лос Анџелес, САД
Мостар, Босна и Херцеговина
Одеса, Украина
Острава, Чешка
Пескара, Италија
Штип, Македонија
Тронхејм, Норвешка
Велење, Словенија
Шарлотенбург-Вилмерсдорф, Берлин, Германија
Извори
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads