Мирида

вид променлива ѕвезда From Wikipedia, the free encyclopedia

Мирида
Remove ads

Мирида — класа на пулсирачки ѕвезди кои се одликуваат со мошне црвени бои, периоди на пулсирање од преку 100 дена, замав поголем од една величина во инфрацрвениот појас и 2,5 величини во видливиот појас. Наречени се по нивната прототипна ѕвезда — Мира (Омикрон Кит, ο Cet). Претставуваат црвени џинови во многу доцна етапа од нивниот развој, на асимптотската гранка на џинови (АГЏ), кои ги исфрлаат нивните надворешни обвивки како планетарни маглни и стануваат бели џуџиња во рок од неколку милиони години.

Thumb
Мира — протитипа ѕвезда на миридите.

Овие ѕвезди се доволно масивни за да имаат претрпено хелиумскo соединување во нивните јадра, но имаат помалку од две сончеви маси[1] — ѕвезди кои веќе имаат изгубено половина од првичната маса. Меѓутоа, тие можат да бидат илјадници пати посјајни од Сонцето поради тоа што поседуваат многу големи надуени обвивки. Исто така, тие пулсираат, бидејќи сета ѕвезда се шири и се собира. Ова прави промена во температурата и величината, што пак предизвикува промени во сјајноста. Пулсирањето зависи од масата и полупречникот на ѕвездата, и постои добро уврдена врска помеѓу периодот и сјајноста (како и бојата).[2][3] Многу големите видливи замави не се должат на големи промени во сјајноста, туку поради префрлање на излезната енергија помеѓу инфрацрвена и видлива бранова должина кога тие ја менуваат температурата при пулсирањето.[4]

Thumb
Светлинската крива на χ Лебед.

Првичните моделирања на миридите се потпирале на претпоставката дека ѕвездата останува сферно симетрична во текот на овој процес (претежно за да се упрости сметачкото моделирање наместо од физички причини). Во поново време е спроведен попис на миридите, каде е најдено дека 75 % од оние видени со телескопот IOTA немале сферна симетрија,[5] што доследно одговара на претходните слики од поединечни мириди.[6][7][8] Затоа, денес се претпочита реалистично тридимензионално моделирање на миридите со помош на суперсметачи.[9]

Миридите можат да бидат богати со кислород или со јаглерод. Јеглеродно богатите ѕвезди како R Зајак произлегуваат од потесен збир услови кои се наметнуваат брз вообичаеното тежнеење на АГЏ-ѕвездите да чуваат вишок кислород врз јаглеродот поради зацрпувања.[10] Пулсирачките АГЏ-ѕвезди како миридите претрпуваат соединување во наизменични водородни и хелиумски обвивки, што повремено дава длабока deep конвекција позната како зацрпувања. Овие зацрпувања го носат јаглеродот од хелиумскосогорувачката обвивка на површината и миридата би ја направиле јаглеродна ѕвезда. Меѓутоа, кај ѕвездите со преку 4 M се јавува врело согорување на дното. Ова се јавува кога подолните подрачја на конвективниот појас се доволно врели за да се случи значително соединување во јаглеродно-азотно-кислороден циклус, што уништува голем дел од јаглеродот пред тој да има прилика да дојде до површината. Овие помасивни АГЏ-ѕвезди не стануваат јаглеродно богати.[11]

Миридите брзо ја губат масата и овој материјал честопати образува плашт од прашина кој ја обиколува ѕвездата. Во извесни случаи се јавуваат погодни услови за создавање на природни мазери.[12]

Мал дел од миридите го менуваат периодот со текот на времето: тој се зголемува и намалува во голема мера (до трети степен) со текот на неколку децении до неколку века. Се смета дека ова се должи на топлински пулсирања, каде хелиумската обвивка повторно ја зажарува надворешната водородна обвивка, менувајќи го составот на ѕвездата, што се одразува врз периодот. Овој процес се смета дека се случува кај сите мириди, но релативната краткотрајност на топлинските пулсирања (највеќе до неколку илјади години) во текот на нејзиниот животен век на АГЏ (помалку од милион години), значи дека појавата ја гледаме само кај неколку од повеќеилјадните познати мириди (можеби во R Водна Змија).[13] Највеќето мириди покажуваат мали промени во периодот од еден до друг циклус, веројатно предизвикани од нелинеарно поведение во ѕвездената обвивка, меѓу кои се отстапувањата од сферната геометрија.[14][15]

Миридите се популарни кај аматерски астрономи кои се занимаваат со набљудување на променливи ѕвезди поради значителните промени во сјајноста. Некои Мириди (како самата Мира) доследно се набљудуваат веќе подолго од сто години.[16]

Remove ads

Список

Следи список на избрани мириди. Освен ако не е поинаку укажано, дадените величини се во V-појас, а растојанијата се од ѕвездениот каталог „Гаја DR2“.[17]

Повеќе информации Ѕвезда, Најголема величина ...
Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads