Полуправилна променлива ѕвезда

вид променлива ѕвезда From Wikipedia, the free encyclopedia

Полуправилна променлива ѕвезда
Remove ads

Полуправилна променлива ѕвездаџиновска или суперџиновска ѕвезда од среден или доцен (постуден) спектрален тип која покажува значителна периодичност во промената на светлината, придружена од разни неправилности. Периодите се движат од 20 до преку 2000 дена, а облиците на светлинските криви знаат да бидат прилично различни во секој циклус. Замавите се разликуваат од неколку стотинки до неколку цели величини (обично 1-2 величини во филтерот V).

Thumb
Светлинска крива на полуправилната променлива ѕвезда Бетелгез.
Remove ads

Класификација

Полуправилните променливи ѕвезди веќе долго се поделени на четири категории, а во поново време е додадена и петта. Првите четири групи добиле првични дефиниции во 1958 г. на X генерално собрание на Меѓународниот астрономски сојуз (МАС). Општиот каталог на променливи ѕвезди (ОКПЗ) ги прошириле со дополнителни информации и дале понови појдовни ѕвезди онаму кајшто постарите примери како S Vul претрпеле прекласификација.

Повеќе информации Поттип, Дефиниција по МАС ...
Remove ads

Пулсирање

Полуправилните променливи ѕвезди, особено оние од поткласите SRa и SRb неретко се групираат заедно со миридите под заглавието долгопериодични променливи. Во други ситуации, поимот е поширок, и ги опфаќа речиси сите студени пулсирачки ѕвезди. Полуправилните џиновски ѕвезди се блиско сродни на миридите: миридите начелно пулсираат во фундаментална колебливост; semiregular giants pulsate in one or more призвуци.[3]

Фотометриските проучувања на Големиот Магеланов Облак, трагајќи по гравитациски леќи покажале дека, во сушстина, сите студени развиени ѕвезди се променливи, при што најстудените покажуваат многу големи замави, а поврелите покажуваат само микроколебања. Полуправилните променливи ѕвезди припаѓаат на една од пет главни низи на односот период-сјајност, разликувајќи се од миридите само по пулсирањето во призвучната колебливост. Блискосродните променливи OSARG (малозамавни црвени џинови на OGLE) пулсираат со непозната колебливост.[4][5]

Многу полуправилни променливи имаат долги вторични периоди околку десетпати поголеми од главниот период на пулсирање, со замави од неколку десетинки од ена величина при видливи бранови должини. Причината за пулсирањата не е позната.[3]

Remove ads

Сјајни примери

η Gem е најсјајната SRa-променлива, а воедно и затемнувачка двојна ѕвезда. GZ Peg е SRa-променлива и ѕвезда од типот S со најголема величина од 4,95. T Cen е следна по сјајност од тој тип,[2] но предложено е дека всушност може да е RV Tau-променлива, што би ја направило далеку најсјајниот член на таа класа.[6]

Постојат бројни SRb-ѕвезди видливи со голо око, при што L2 Pup од трета величина се најсјајните наведени ви ОКПЗ. σ Lib и ρ Per исто така се SRb-ѕвезди од трета величина при најголема сјајност. β Gru е ѕвезда од втора величина класификувана како бавна неправилна променлива во ОКПЗ, но во подоцнежните истражувања наведена како ѕвезда од SRa-тип.[7] Сите четири се џинови од класата M, иако некои SRb-променливи се јаглеродни ѕвезди како UU Aur или од типот S, како Pi1 Gru.[2]

Каталогизираните SRc-ѕвезди се помалубројни, но меѓу нив се некои од најсјајните ѕвезди на небото, како што се Бетелгез и α Her. Иако SRc-ѕвездите се дефинираат како суперџинови, дел од нив имаат спектрални сјајносни класи на џинови, а некои како α Her се ѕвезди на асимптотската гранка на џинови.[2]

Многу SRd-ѕвезди се крајно сјајни хиперџинови, како што се ρ Cas, V509 Cas и ο1 Cen — сите видливи со голо око. Други се класификуваат како џиновски, но најсјаниот пример е LU Aqr, која е од седма величина.[2]

Највеќето SRS-променливи се откриени при длабински големоразмерни прегеди, но меѓу нив се и V428 And, AV Ari, и EL Psc, кои се видливи со голо око.[2]

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads