Миров

From Wikipedia, the free encyclopedia

Мировmap
Remove ads

Миров (германски: Mirow) — град во округот Мекленбуршка Езерска Област, во сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, Германија. Градот претставува административно седиште на општинската заедница Мала Мекленбуршка Езерска Област.

Кратки факти Земја, Местоположба на градот Миров во рамките на округот Мекленбуршка Езерска Област ...
Remove ads

Потекло на името

Името на градот потекнува од словенскиот збор „мир“. Името било извлечено од „вила мирове“, што означува место на мирот.

Географија

Миров се наоѓа во средишниот дел на Мекленбуршката Езерска Област (Mecklenburgische Seenplatte) на јужниот брег на истоименото езеро, кое е поврзано со Мириц и со Хафел преку систем на езера, реки и канали. Постојат уште неколку езера на територијата на градот. Селата Димиц, Флет, Гранцов, Печ и Штарзов биле припоени кон градот во 2004 и сега се дел од него.

Историја

Во 1227, Редот на Св. Јован основал бург на брегот на езерото Миров откако војводата Борвин Втори им дал земја тука; во горниот лев дел на грбот на градот сè уште е прикажан крстот на Редот на Св. Јован. Во 1701, градот станува дел од војводството Мекленбург-Штрелиц. Во 1919 добил градски права. Миров е родно место на Шарлота фон Мекленбург-Штрелиц, сопруга на Џорџ III.

Барокниот дворец, во изградба од 1749 до 1760, бил проектиран од Кристоф Јулиус Леве. Познат е по неговата балска сала и Црвениот салон со свилени завеси во кинески стил. Во англискиот парк на дворецот е погребан последниот голем војвода на Мекленбург-Штрелиц, кој умрел во 1918. Гробот на големиот војвода се наоѓа во готската црква на Св. Јован, која била повторно изградена по нејзиното целосно уништување во 1945.[2]

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads