Митвајда
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Митвајда (германски: Mittweida) — град во округот Средна Саксонија, во сојузната покраина Саксонија, Германија. Се наоѓа на реката Чопау, 18 километри северно од Кемниц и 5 километри западно од Дрезден.
Од неговото основање во XIII век, градот постојано се развивал и во минатиот век станал еден од главните центри за производство на текстил во Саксонија.
Сместен во рамките на стрмните ридови и длини на реката и два помали потока, градот е со многу зеленило и сликовит. Занимливи се готската црква од XV/XVI век, стариот град, историскиот и техничкиот музеј и соседниот замок Крибштајн.
Митвајда е дом на универзитет со околу 5.000 студенти. Основан на крајот на XIX век, познат е и надвор од границите на Саксонија. Меѓу другите студенти, тука студирале и Август Хорх, Валтер Брух, Јерген Скафте Расмусен и Герхард Нојман. Во текот на Втората светска војна, тука функционирал подкамп на концентрациониот логор Флосенбирг.[2]
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads