Митра

From Wikipedia, the free encyclopedia

Митра
Remove ads

Митра е ангелско божество од зороастризмот (јазата). Го сметале за божество на договорите, но исто така бил и судија, заштитник на „вистината“ (аша), заштитник на стоката, жетвата и на водите.

Римјаните својата таинствена религија митраизам ја засновале врз персиски и извори кои доаѓале од зорастризмот, а се однесувале на Митра.

Потекло на поимот

Именката митра исто како и ведската именка „митра“доаѓаат од праиндоиранската именка митра, од основата ми-, со значење „да се поврзе“, и наставката -тра-, „предизвикување“. Според тоа, значењето на митра е „она што предизвикува поврзување“.

Во текстовите

Како и повеќето божества, Митра не е споменат по име во најстарите текстови на зороастризмот, Гати, кои делумно се посветени лично на Заратустра, ниту во Јасна. Како дел од тријадата божества, Митра е почитувана фигура. Заедно со Рашну (правда) и Сраоша (послушност), Митра е еден од тројцата судии на Мостот Чинват, „мостот на судот“, кој сите души треба да го минат.

Химната посветена на Митра (Јашт 10) е најдолгата од сите зачувани текстови Јашт. Во текстовите Авеста, опишан е како „Митра од широките пасишта, кој има илјада уши и миријада очи“, (Јасна 1:3),[1] „благороден и вечен владетел на провинцијата“, (Јасна 1:11),[1]Јазад (божество) на кажаното име“,(Јасна 3:5),[1] и „светиот“, (Јасна 3:13).[1]

Remove ads

Поврзано

Библиографија

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads