Михал Апостолов - Гранити

From Wikipedia, the free encyclopedia

Михал Апостолов - Гранити
Remove ads

Михал Апостолов - Гранити (25 ноември 1923 во Крчишта, Нестрамско31 март 1948 на Грамошта) — борец и воен раководител од Егејскиот дел на Македонија. Учесник во ЕЛАС од почетокот на 1943 година.[1]

Кратки факти Роден, Починал ...
Remove ads

Животопис

Роден е во селото Крчишта, Нестрамско. Михал уште на 20 годишна возраст се приклучил во редовите на КПГ, бидејќи само тие ветувале слобода за македонскиот народ во Егејска Македонија. а од 1943 година веќе бил дел од единиците на ЕЛАС, во чии редови херојски се борел против фашистите за ослободување на својата татковина.[2]

Тој бил член на одредот „Лазо Трповски“ од самото негово основање. Поради несогласувањата со раководството на КПГ (во мај 1944 година), тој преминал на територија на Вардарскиот дел на Македонија, а истиот месец станал политички комесар на чета на Костурскиот македонски народно-ослободителен баталјон. Тој бил именуван за командир на вод во Костурско-леринскиот македонски народно-ослободителен баталјон „Гоче”, а потоа станал член на штабот на ДАГ за Вичо (ноември 1946) и политички комесар на баталјон на ДАГ.[1][3][4][5]

Михал, како ѝ целото свое семејство, бил целосно посветен на борбата за ослободување на народот. Неговата сестра Елефтерија служела во народната полиција и работела меѓу непријателските војски. Поради тешките услови, нејзиното здравје било влошено. Неговиот 19-годишен брат Апостол, исто така бил во редовите на ДАГ, бил убиен во 1948 година кратко време по херојската смрт на Михал.[2]

Гранити демонстрирал воени можности и набрзо станал офицер на ДАГ, комесар на баталјон. Во архивата на 14-та бригада на ДАГ, каде што тој служел како комесар на баталјон, опишан е со зборовите - „тој беше чесен, дисциплиниран, посветен борец“. На еден брифинг на кадрите на ДАГ во февруари 1948 година, одржал краток говор и меѓу другото истакнал:[2]

„Ние ќе го исполниме долгот кон нашата татковина до последната капка крв“


Гранити достоинствено го исполнил тоа негово ветување. На 31 март 1948 година, водејќи го баталјонот во нееднаквата Битка на Грамошта (Грамос), тој херојски загинал.[1][2]

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads