25 ноември
датум From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Предлошка:Ноември 2025 25 ноември — 329-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (330-и во престапна година). Остануваат 36 денови до крајот на годината.
Настани:
| 1867 | Алфред Нобел го патентирал динамитот. Патентните права му донеле големи приходи од кои и до денес се финансира наградниот фонд на Нобеловата награда. |
| 1918 | Поранешната австроунгарска покраина Војводина прогласила отцепување и приклучување кон Кралството Србија. |
| 1920 | Во Скопје избувнал штрајк на 120 кројачки работници, кои барале осумчасовен работен ден и зголемување на платата за 10%. Штрајкот завршил со делумен успех. |
| 1936 | Германија и Јапонија го потпишуваат Антикоминтерновскиот пакт |
| 1939 | Во Самобор, Хрватска, во печатницата на Драгутин Шпулер, излезе од печат збирката песни „Бели мугри“ од македонскиот поет и револуционер Кочо Рацин. Таа претставуваше стремеж за афирмација на македонската национална култура и на современата македонска поезија. |
| 1965 | Извршен е воен удар во Конго. Генерал Мобуто го собори претседателот Касавубу. |
| 1973 | Во Грција е извршен државен удар во кој е соборен диктаторот Пападопулос и Режимот на полковниците. Новата хунта на чело со генерал Гизикис веќе следната година им ја предаде власта на политичарите, па Константин Караманлис ја формира првата влада на национално единство. |
| 1976 | Суринам стекнува независност од Холандија |
| 1977 | Генералното собрание на ООН ја осуди израелската окупација на арапските територии само со четири гласа против - Израел, САД, Канада и Салвадор. |
| 1990 | ВМРО-ДПМНЕ победи на првите повеќепартиски избори во Македонија со 37 места во Парламентот. Сојузот на Комунистите на Македонија добива само 31 место. |
Родени:
| 1562 | Феликс Лопе де Вега — шпански писател. |
| 1835 | Ендрју Карнеги — американски индустријалец. |
| 1844 | Карл Бенц — германски автомобилски инженер. |
| 1881 | Јован XXIII — римски папа. |
| 1914 | Џо Димаџо — американски бејзболист. |
| 1918 | Фране Матошиќ — хрватски и југословенски фудбалер и тренер. |
| 1923 | Михаил Апостолов - Гранати — македонски револуционер. |
| 1924 | Анте Марковиќ — последниот премиер на СФРЈ. |
| 1935 | Миле Неделкоски — македонски поет. |
| 1947 | Наум Попески — македонски писател. |
| 1948 | Тодор Бојаџиев — македонски композитор. |
| 1951 | Џони Реп — холандски фудбалер. |
| 1957 | Марко Коловски — македонски музиколог. |
| 1964 | Павле Воскопулос — македонски политичар во Република Грција. |
| 1979 | Славко Винчиќ — словенечки фудбалски судија. |
| 1981 | Чаби Алонсо — шпански фудбалер. |
| 1986 | Кристијан Корен — словенечки велосипедист. |
| 1994 | Станислав Лоботка — словачки фудбалер. |
| 2002 | Педри — шпански фудбалер. |
Починале:
| 1185 | Луциј III — римски папа. |
| 1638 | Николаус Стено — дански научник. |
| 1878 | Стојан Карастоилов — ајдутски војвода. |
| 1885 | Алфонсо XII — крал на Шпанија. |
| 1915 | Мишел Бреал — француски лингвист. |
| 1956 | Александар Довженко — украински режисер, еден од доајените на советската кинематографија. |
| 1957 | Принц Георги — син грчкиот крал Георги I. |
| 1968 | Аптон Синклер — американски писател и публицист. |
| 1970 | Алберт Ајлер — американски џез-музичар. |
| 1970 | Јукио Мишима — јапонски писател. |
| 1974 | Ник Дрејк — англиски музичар. |
| 1974 | У Тант — бурмански дипломат. |
| 1991 | Фреди Меркјури — британски рок-пејач, член на групата Квин (Queen). |
| 2002 | Карел Рајс — чешко-британски режисер. |
| 2005 | Џорџ Бест — северноирски фудбалер. |
| 2013 | Чико Хамилтон — американски џез-музичар. |
| 2016 | Фидел Кастро — кубански револуционер и политичар. |
| 2020 | Диего Марадона — аргентински фудбалер. |
| 2020 | Тимотеј Дебарско-кичевски — македонски владика, митрополит на Дебарско-кичевската епархија. |
Празници:
| 1976 | Ден на независноста на Суринам |
Remove ads
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads