Михајло Ломоносов (сателит)
руски сателит From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Михајло Ломоносов (руски: Михайло Ломоносов, озн. МВЛ-300) — астрономски сателит Московскиот државен универзитет, наречен по научникот Михаил Ломоносов (1711 - 1765).[3]
Remove ads
Задача
Сателитот има за задача да набљудува гама-изблици, високоенергетски космички зраци и минливи појави во горната атмосфера на Земјата.[3]
Пуштање
Мисијата била првично предвидена за 2011 г. по повод тристагодишнината од раѓањето на Ломоносов.[4] По неколкукратно одложување, леталото е конечно пуштено на 28 април 2016 г. од космодромот „Восточни“ со ракетата Сојуз 2.1а.[5]
Научни инструменти
Леталото е опремено со седум научни инструменти:[6][7]
- Орбитален пронаоѓач (ТУС) — наменет за мерење на флуоресцентната светлина која ја зрачат широките воздушни опсипувања на ултрависокоенергетски космички зраци во Земјианта амотсфера како и изучување на минливите појави во ултравиолетов опсег;
- Блок за пронаоѓање на рендгенско и гама-зрачење (БДРГ) — наменет за пронаоѓање нагледување на гама-изблици и давање на сигнал за камерите на ШОК (подолу);
- Ултрабрза болскотна опсерваторија (УФФО) — се состои од рендгенски и ултравиолетов телескоп (10 см) за изучување на гама-изблици;
- Оптички камери со супершироко видно поле (ШОК) — пар широковидни оптички камери за забележување на оптичкото зрачење на гама-изблиците по примениот сигнал од БДРГ;
- Дозиметар за електрони, протони и неутрони (ДЕПРОН) — мери впиени дози и спектри на електрони, протони, неутрони и тешки јадра;
- Иследувач на електронска загуба и полиња (ЕЛФИН-Л) — се состои од пронаоѓач на енергетски честички (ЕПДЕ), друг за јони (ЕПДИ) и магнетомер со порта за тек (ФГМ). Има задача да ги изучува енергетските честички во Земјината атмосфера;
- ИМИСС-1 — уред за успробување на микроелектромеханички инерцијални модули;
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads