Мијашки Рид (Пчиња)
археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Мијашки Рид— археолошко наоѓалиште во кумановското село Пчиња. Претставува некропола од железно време. На околу 500 м северозападно од селото, лево од патот Куманово - Пчиња се издига блага височинка на која во нивата на Ратко Трендевски е откриен гроб - циста, граден од делумно обработени камени плочи, поставен во правец североисток-југозапад, и во него се најдени нож и две копја од железо. Во 1988 година од страна на Народн музеј - Куманово е извршено пробно ископување. Со сондата поставена близу до гробот бил откриен дел од темел на сувоѕидица, граден од појадри камења, широк 0,85 м, чија функција не е дефинирана. Наодите се чуваат во Народниот музеј во Куманово.[1]
Remove ads
Поврзано
- Белуш — населба од римското време;
- Градиште — градиште од доцноантичкото време;
- Манастир — средновековна утврдена населба и некропола;
- Мијашки Рид — некропола од железното време;
- Св. Архангел — некропола од римското време;
- Селце — средновековно градиште;
- Стари Јаз — некропола од доцноантичкото време;
- Црквиште — населба од железното и римското време;
- Пчиња;
- Список на археолошки наоѓалишта во Кумановско;
- Список на средновековни некрополи во Македонија.
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads