Млике
село во Косово From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Млике или Млика (албански: Mlikë или Mlika; српски: Млике) — село во областа Гора, денес во општината Драгаш на Призренскиот округ, јужно Косово.[1] Населението брои 263 жители (2024), сочинето од Горанци.
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во областа Гора, во северозападните пазуви на Шар Планина, на надморска височина од 800 м.
Историја
Во 1900 година, Васил К’нчов го забележал Млике како македонско-муслиманско село во областа Гора со 50 куќи.[2]
По Втората балканска војна селото ѝ е доделено на Албанија, заедно со уште осум горански села. Според Стефан Младенов во 1916 г. Млике (Млѝка) било македонско село со 60 куќи.[3]
На етничката карта на Северозападна Македонија од 1929 г. Афанасиј Селишчев го забележал Бегите (Беглере) како македонско село на местото на Диканце или Млике.[4]
Remove ads
Население
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 јужнословенски муслимани (Горанци).[5]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Културни и природни знаменитости
Џамии
- Ал-агова џамија — селска џамија, прогласена за споменик на културата[6]
Личности
Родени во Млике
- Рустем Ибиши — поранешен претседател на Граѓанската иницијатива за Гора (ГИГ)
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads
