Модул на смолкнување

From Wikipedia, the free encyclopedia

Модул на смолкнување
Remove ads

Модул на смолкнување или модул на крутост ( или ) — физичка величина која го изразува соодносот помеѓу смолкнувањето и изобличувањето при смолкнување:[1]

Кратки факти Модул на смолкнување, Симболи ...
Thumb
Смолкнувачко изобличување.

каде

= смолкнувачко напрегање
силата која дејствува
површината на која се дејствува
= смолкнувачко изобличување. Во инженерството , а другаде
е попречното поместување
е првичната должина

Изведената СИ-единица на модулот на смолкнување е паскалот (Pa), иако обично се изразува во гигапскали (GPa) или пак илјадници фунти на квадратен инч (ksi) по империјалниот систем. Неговиот димензионален облик е M1L−1T−2, заменувајќи ја силата со масата помножено со забрзувањето.

Remove ads

Образложение

Повеќе информации Материјал, Типични вредности за модулот на смолкнување (GPa) (при собна температура) ...

Модулот на смолкнување е една од величините со која се изразува крутоста на материјалите. Сите тие произлегуваат од воопштениот Хуков закон:

  • Јангов модул — го опишува изобличувањето на материјалот како последица од едноосното напрегање во насока на тоа напрегање (како издолжување на жица влечејќи ја за двата краја или скусување на столб при ставање тежина врз него),
  • Поасонов сооднос — ја опишува последицата по материјалот во насоки нормални на ова едноосно напрегање (жицата се истенчува, а столбот се задебелува),
  • модул на збивливост — ја опишува последицата по материјалот од (рамномерниот) хидростатистички притисок (како притисокот на океанското дно или длабок базен),
  • модул на смолкнување — ја опишува последицата по материјалот од смолкнувачкото напрегање (како сечење на жицата со тапи ножици).

Овие модули не се независни, а за изотропни материјали, поврзани се преку равенките .[7]

Модулот на смолкнување се однесува на изобличувањето на цврсто тело кога врз него ќе се примени сила напоредна на една од неговите површини, додека спротивната страна е подложена на спротивна сила (како триење). Предмет со облик на правоаголна призма ќе се изобличи во паралелопипед. Анизотропните материјали како дрвото, хартијата и сите единечни кристали се изобличуваат различно кога се напрегаат во различни правци. Тука се применува посложен метод.

Течностите се материјали со нула модул на смолкнување.

Remove ads

Бранови

Thumb
Влијанија за извесни придодадени составници врз модулот на збивливост на извесно основно стакло.[8]

Кај еднородните и изотропни цврсти материјали се јавуваат два брана: притисочен и смолкнувачки. Брзината на смолкнувачкиот бран, се раководи по модулот на смолкнување,

каде

е модулот на смолкнување
е густина на цврстото тело.
Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads