Дијамант

минерал From Wikipedia, the free encyclopedia

Дијамант
Remove ads

Дијаманталотропска модификација на јаглеродот. Тоа е најтврдиот минерал во природата. Затоа се користи за сечење, брусење и мазнење на други помеки материјали.

Кратки факти Дијамант, Општо ...

На Мосовата скала исто така зазема највисоко место со тврдост број 10.

Јаглеродните атоми во дијамантот заземаат тетраедарска структура.

Со сечење и полирање на дијамантот се добива брилијант кој се користи како украс. Полирањето се изведува со дијамантска прашина.

Бидејќи се знае дека настанува во атмосфера со висок притисок и температура, денес е усовршено производството на вештачки дијаманати кои се користат само во индустријата. Постапката се изведува во челични контејнери со експлозија. Русија има развиено технологија да произведуваат дијаманти со различна боја. Индустриските дијаманти не се така крупни како некои дијаманти кои може да се најдат во природата.

Мерна единица за маса на дијамантот е каратот. Еден карат = 0,2 грама.

Remove ads

Производство на дијаманти

Дијамантите се копаат во рудници, а најголеми светски производители се Русија, ЈАР и Ангола. Во 2016 година, во Ангола бил откопан дијамант од 404 карати и со големина од седум сантиметри. Тој бил дијамант од типот II и со Д-боја, која е најретка и највредна боја на белите дијаманти. Неговата вредност била проценета на 20 милиони долари. Најголемиот дијамант пронајден воопшто е дијамантот „Cullinan“, ископан во ЈАР, во 1905 година. Тој имал 3.106 карати и тежел 600 грама. вториот најголем дијамант во историјата бил пронајден во 2014 година и имал. 1.111 карати.[3]

Remove ads

Дијамантите како тема во уметноста и во популарната култура

  • „Работилницата за режење дијаманти...“ - расказ на Андре Бретон.[4]
  • „Дијамантите се вечни“ (англиски: Diamonds are forever) - песна на американската пејачка Ширли Бејзи од 1961 година.[5]
  • „Луси на небо, со дијаманти“ (англиски: Lucy in the Sky with Diamonds) - песна на англиската група „Битлси“ (The Beatles) од 1967 година.[6]
  • „Дијаманти во рудникот“ (англиски: Diamonds in the mine) - песна на канадскиот музичар Леонард Коен од 1971 година.[7]
  • „Црн дијамант“ (англиски: Black Diamond) - песна на американската рок-група „Кис“ (Kiss) од 1974 година.[8]
  • „Дијаманти и ’рѓа“ (англиски: Diamonds and Rust) - песна од истоимениот албум на американската музичарка Џоан Баез од 1975 година.[9]
  • „Дијаманти и злато“ (англиски: Diamonds & Gold) - песна на американскиот музичар Том Вејтс (Tom Waits) од 1985 година.[10]
  • „Таа е дијамант“ (англиски: She's A Diamond) — песна на американската рок-група Опал од 1987 година.[11]
  • „Дијаманти“ (англиски: Diamonds) - песна на американската пејачка Ријана од 2012 година.[12]
  • Дијамантите се вечни“ (англиски: Diamonds are Forever) - филм во режија на Гај Хамилтон.[13]
Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads