Мозамбички Проток
проток во Индискиот Океан, југоисточна Африка From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Мозамбички Проток или Мозамбички Канал (португалски: Canal de Moçambique, малгашки: Lakandranon'i Mozambika, француски: Canal du Mozambique) — дел од Индискиот Океан што се наоѓа помеѓу Мадагаскар и југоисточна Африка, претежно Мозамбик. Тука, во II светска војна се одиграла Мадагаскарската битка (1942) помеѓу Вишиевска Франција и Сојузните сили.

Протокот има должина од 1.600 км, а ширината се движи од 400 до 950 км. Најтесниот дел е помеѓу Ангош (Мозамбик) и Тембохорано (Мадагаскар). Достигнува длабочина од 3.292 м во подрачјето оддалечено 230 км од мозамбичкото крајбрежје. Во него тече топла јужна струја, која потоа продолжува во Агулјската струја во водите источно од ЈАР.
Remove ads
Граници
Според Меѓународната хидрографска организација (IHO), Мозамбичкиот Проток ги има следниве граници:[1]
На север. Линија од устието на реката Рувума (10°28′S 40°26′E) до Рас Хабу, северниот врв на островот Голем Комор, кој е северниот од Коморските Острови, до ’ртот Амбр, северниот крај на Мадагаскар (11°57′S 49°17′E).
На исток. Западниот брег на Мадагаскар.
На југ. Линија од ’ртот Сант Мари, јужниот крај на Мадагаскар до Златниот ’Рт (Оро) на континенталниот дел (26°53′S 32°56′E).
На запад. Копното на ЈАР.[2]
Remove ads
Острови во протокот
Комори
- Голем Комор
- Мохели
- Анжуан
Мозамбик
Примерас и Сегундас (архипелаг)
Франција
- Мајот
- Расеани Острови
- Гејзер
- Глорјез (група)
- Хуан де Нова
- Европа
- Басас да Индија
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads