Глорјез
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Глорјез (француски: Îles Glorieuses, служб. Archipel des Glorieuses) — група острови и карпи со вупна површина од 5 км2. Спаѓаат во групата на Расеаните Острови, кои се француско владение во рамките на прекуморска територија Француските Јужни и Антарктички Земји, но право на нив полагаат и Коморите, и Мадагаскар, а порано и Сејшелите. Географски тие се дел од Коморите, помеѓу францускиот прекуморскиот регион Мајот и Мадагаскар.
Remove ads
Архипелаг
Архипелагот се состои од два острова — Голем Глорјез (11.5795°S 47.2984°E) и Лилјановиот Остров (Île du Lys) — како и осум карпести островчиња: Бродоломната Карпа (Wreck Rock) (11.51255°N 47.38171°E), Јужната Карпа (South Rock) (11.5955°S 47.30185°E) и Зелените Карпи (11.5710°S 47.3317°E) и уште три безимени карпи. Образуваат корален гребен и лагуна. Голем Глорјез има кружен облик и пречник од 3 км. Прекриен е со густа растителност, оретежно остатоци од кокосова планатажа и пресличници.
Лилјановиот Остров (11.5165°S 47.3767°E) на околу 8 км североисточно од Голем Глорјез е долг 600 м и сочинет од песочни дини и шикари со извесно количество мангрови. Порано тука се копал фосфат (гвано).
Групата има исклучив стопански појас (ИСП) од 48.350 км2. Сидриштата се вонбрежни, а Голем Глорјез има и слетувалиште долго 1.300 м.
Remove ads
Клима
Климата е тропска, а теренот е низок и рамен, со висинска разлика до 12 м. Лилјановиот Остров е гнездилиште за преселни морски птици, а на плажите желките несат јајца. Во океанот се среќаваат преселни видови како грбави китови и китови-ајкули.[1]
Историја
Веројато е дека островите им биле познати на арапските (особено јеменски) морепловци, но останале безимени. За првпат се именувани и населени во 1880 г. од Французинот Иполит Калто, кој направил кокосова плантажа на Голем Глорјез. Архипелагот станал француско владение во 1892 г. кога капетанот Ришар на бродот „Приможе“ го прогласил за француски посед. Во 1895 г. Глорјез станал дел од колонијата Мајот и нејзините зависности.
Од 1914 до 1958 г. се доделувале дозволи на сејшелски претпријатија за експлоатација на островите. Денес островите се природни резервати со метеоролошка станица и касарна на Легијата на странци.[2] Мадагаскар од 1972 г. полага право на островите иако тие никогаш не биле дел од францускиот протекторат Мадагаскар, туку од колонијата Мајот и зависностите, тогаш дел од Француските Комори.[3] Коморите полагаат право на Мајот и Глорјез.[4] Сејшелите исто така полагале право на Глорјез сè до договорот за поморските граници склучен во 2001 г.
Во 2012 г. француските власти основале природен парк за заштита на загрозените растителни и животински видови на островите.[5]
Галерија
- Карта
- Поглед на Голем Глорјез
- Островите во 2022 г.
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads