Моклишко Кале

археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Моклишко Калеархеолошко наоѓалиште во историското кавадаречко село Моклиште, денес во атарот на Ваташа. Претставува градиште од железното и доцноантичкото време.

Повеќе информации Основни податоци ...

Во непосредната близина на Моклишкиот манастир „Св. Никола“, високо над левиот брег на реката Луда Мара, на височинка со извонредно поволна стратешка положба и со поглед кон средишниот дел на Кавадаречката Котлина, се наоѓаат остатоци од утврдување. На простор од 250 × 200 м се среќаваат фрагменти од керамички садови и множество градежен материјал (кршен камен, тегули, имбрекси), како и архитектонска пластика (база, капител).

Наодите се чуваат во Музејот и галерија од Кавадарци.[1]

Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads