Моклишко Кале
археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Моклишко Кале — археолошко наоѓалиште во историското кавадаречко село Моклиште, денес во атарот на Ваташа. Претставува градиште од железното и доцноантичкото време.
Во непосредната близина на Моклишкиот манастир „Св. Никола“, високо над левиот брег на реката Луда Мара, на височинка со извонредно поволна стратешка положба и со поглед кон средишниот дел на Кавадаречката Котлина, се наоѓаат остатоци од утврдување. На простор од 250 × 200 м се среќаваат фрагменти од керамички садови и множество градежен материјал (кршен камен, тегули, имбрекси), како и архитектонска пластика (база, капител).
Наодите се чуваат во Музејот и галерија од Кавадарци.[1]
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads