Момина Клисура (Места)

клисура на реката Места во Пиринска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Момина Клисура (Места)map
Remove ads

Момина Клисура (бугарски: Момина клисура) — клисура на реката Места во Пиринска Македонија. Се протега низ општините Банско и Неврокоп (Гоце Делчев).

Кратки факти Момина Клисура, Надм. висина ...
Thumb
Протегањето на Момината Клисура на карта

Се наоѓа меѓу Северен Пирин на запад и Доспат Планина (или Дабраш; наjзападниот дел на Западните Родопи) на исток. Го поврзува најјугоисточниот дел на Разлошката Котлина на север со најсеверниот дел на Неврокопската Котлина на југ.

Клисурата е долга околу 27 км, со средна надморска височина од 642 м. Има тесен облик со стрмни страни, всечени во карпест праг од метаморфни карпи, ранотерциерни седименти и вулканит. Минувајќи низ неа, Места ја прима десната притока Ретиже.[1]

Започнува источно од гратчето Добриништа (Добриниште), кај устието на Безбошка Река, на 693 м.н.в. и се насочува кон југ-југоисток. Во подрачјето на селото Места е средината на клисурата, каде надморската височина е околу 642 м. Завршува југоисточно од селото Цирополе (Господинци) во Неврокопската Котлина на 544 м.н.в.

По должината на Момината Клисура се среќаваат селата Филипово, Места и Цирополе, како и остатоците од доцноантичката и средновековна тврдина Момина кула кај с. Кремен и на друга тврдина кај с.  Цирополе.[2]

Низ клисурата минува делница (27,4 км) од второкласниот републички пат II-19: СимитлиБанскоНеврокоп – ГП „Либјахово - Везме“ („Илинден - Ексохи“, од 51. до 78,4. км) кон Драмско, Егејска Македонија.

Remove ads

Слики

Поврзано

Наводи

Топографски карти

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads