Момина Клисура (Места)
клисура на реката Места во Пиринска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Момина Клисура (бугарски: Момина клисура) — клисура на реката Места во Пиринска Македонија. Се протега низ општините Банско и Неврокоп (Гоце Делчев).
Се наоѓа меѓу Северен Пирин на запад и Доспат Планина (или Дабраш; наjзападниот дел на Западните Родопи) на исток. Го поврзува најјугоисточниот дел на Разлошката Котлина на север со најсеверниот дел на Неврокопската Котлина на југ.
Клисурата е долга околу 27 км, со средна надморска височина од 642 м. Има тесен облик со стрмни страни, всечени во карпест праг од метаморфни карпи, ранотерциерни седименти и вулканит. Минувајќи низ неа, Места ја прима десната притока Ретиже.[1]
Започнува источно од гратчето Добриништа (Добриниште), кај устието на Безбошка Река, на 693 м.н.в. и се насочува кон југ-југоисток. Во подрачјето на селото Места е средината на клисурата, каде надморската височина е околу 642 м. Завршува југоисточно од селото Цирополе (Господинци) во Неврокопската Котлина на 544 м.н.в.
По должината на Момината Клисура се среќаваат селата Филипово, Места и Цирополе, како и остатоците од доцноантичката и средновековна тврдина Момина кула кај с. Кремен и на друга тврдина кај с. Цирополе.[2]
Низ клисурата минува делница (27,4 км) од второкласниот републички пат II-19: Симитли – Банско – Неврокоп – ГП „Либјахово - Везме“ („Илинден - Ексохи“, од 51. до 78,4. км) кон Драмско, Егејска Македонија.
Remove ads
Слики
- Остатоци од Момина кула
- Источната ѕидина
Поврзано
- Момина кула
- Разлошка Котлина
- Неврокопска Котлина
Наводи
Топографски карти
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads