Морача

река во Црна Гора From Wikipedia, the free encyclopedia

Морачаmap
Remove ads

Морачарека во Црна Гора. Извира под планината ’Рзача во северниот дел од земајта. Тече на југ во должина од 113 км, па се влева во Скадарското Езеро.

Кратки факти Земја, Извор ...

Во горното течение, Морача е брза планинска река и тече низ тесна клисура северно од Подгорица, каде ѝ се приклучува најголемата притокаЗета, па навлегува во Зетската Рамница. Тече низ рамничарските предели, па на крај завршува во Скадарското Езеро. Реката е скромна во ширина и длабочина, па затоа не е пловна.

Морача важи за еден од симболите на Подгорица и најголема река што тече низ градот.

Во северниот дел на речната клисура е сместен Манстирот Морача, основан во 1252 г. од Стефан, син на големиот жупан на Зета, Вукан Немањиќ.

Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads