Скадарско Езеро

From Wikipedia, the free encyclopedia

Скадарско Езероmap
Remove ads

Скадарското Езеро е најголемо езеро во Црна Гора и на Балканскиот Полуостров. Површината на езерото изнесува 369,7 км2 (од тоа на Црна Гора и припаѓаат 221,8 км2, а на Албанија 147,9 км2). Должината од Врањина до Скадар изнесува 40 километри, а ширината на некои места изнесува 14 километри. Длабочината изнесува од 4 до 6 метри, а што повеќе се оди кон западниот брег се вдлабочува повеќе. Езерото спрема годишните времиња ја менува својата величина, а вода прима од многу реки. Од езерото истекува реката Бојана во Јадранското Море.

Кратки факти Скадарско Езеро, Координати ...

Езерото е полно со острови и полуострови на кои се наоѓаат траги од историјата и културното богатство: Жабљак (15 век) - престолнина на некогашната држава Зета, Лесендро - тврдина која што се наоѓа на стените до езерото, тврдината Грможур. Бистрата вода и зачуваниот амбиент го овозможуваат доста богатиот еко-систем. Ова е единствено живеалиште на пеликани на југот на Европа.

На бреговите на езерото се наоѓа малиот град Рјека Црнојевича. Во близина се остатоците од градот Обод каде што биле сместена печатницата во која во 1494 година била испечатена првата книга во овој дел на Европа - Октоихот.

Remove ads

Галерија

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads