Московско време

часовен појас From Wikipedia, the free encyclopedia

Московско време
Remove ads

Московско време (руски: моско́вское вре́мя, крат. MSK) — часовен појас кој важи за градот Москва и најголемиот дел од западна Русија, вклучувајќи го Санкт Петербург. Броејќи од запад, ова е вториот по ред часовен појас во Русија. На 26 октомври 2014 одговара според зоната: UTC+3 (целогодишна).

Thumb
Време во Русија
UTC+2MSK−1: Калининградско време
UTC+3MSK: Московско време
UTC+4MSK+1: Самарско време
UTC+5MSK+2: Екатеринбуршко време
UTC+6MSK+3: Омско време
UTC+7MSK+4: Краснојарско време
UTC+8MSK+5: Иркутско време
UTC+9MSK+6: Јакутско време
UTC+10MSK+7: Владивосточко време
UTC+11MSK+8: Средноколимско време
UTC+12MSK+9: Камчатско време
Thumb
Часовни појаси во Европа:
сино Западноевропско време (UTC+0)
Западноевропско летно време (UTC+1)
светлосино Западноевропско време (UTC+0)
црвено Средноевропско време (UTC+1)
Средноевропско летно време (UTC+2)
беж Источноевропско време (UTC+2)
Источноевропско летно време (UTC+3)
жолто Калининградско време (UTC+2)
зелено Московско време (UTC+3)
Со светли бои се обележани земјите кои не сметаат летно време: Алжир, Мароко, Тунис, Исланд, Белорусија, Русија и Турција.

Овој часовен појас се користи низ цела Русија за возните редови на железничкиот и бродскиот сообраќај, додека пак возушниот сообраќај се води според месното време. Покрај ова, часовните појаси во земјата се опишуваат во однос на московското време наместо UTC. Така, времето во Јакутск (UTC+9) се наведува како MSK+6.

Remove ads

Употреба

Московското време важи во европскиот дел на Русија (западно од Урал), со исклучок на Калининградската Област, каде важи UTC+3 (Калининградско време). Покрај ова, почнувајќи од 30 март 2014 г., московското време важи и во Крим, што уследило по припојувањето на републиката кон Русија.

Во минатото

Пред 27 март 2011 г., московското време било во UTC+3 по зимско, а UTC+4 по летно сметање.

UTC+3 исто така важело во европските делови на поранешниот СССР:

Московското летно време (UTC+4) е воведено во 1981 г. и важело во:

Во 1922–30 и 1991–92 г., во Москва важело источноевропското време (UTC+2)

Remove ads

Поврзано

  • Време во Русија

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads